Дома ВЕЖБИ Време е за вежбање: Три најефикасни вежби за цврст стомак

Време е за вежбање: Три најефикасни вежби за цврст стомак

880

Марино Башиќ Ви препорачува:Три најефикасни вежби за цврст стомак

Постојат голем број на вежби за стомак. Во оваа статија препорачувам три вежби за стомак кои се многу ефикасни. Некои ќе можете да ги изведете одма, а за другите ќе ви биде потребно малку време да ги совладате.

Вежба број 1 : Точак

Легнете на грб. Направете предклон. Нозете  испружете ги под агол од 45 степени, прстите повлечете ги накај себе. Дланките ставете ги позади глава. Истовремено повлекувај го десниот лакт накај левото колено. Вратете се во почетната позиција и истото направете го на другата страна. Три пати по пет повторувања на секоја страна ќе биде доволно за почеток.

 

Вежба број 2: Ролање (Вртење)

Спојте го десниот лакт со левото колено. Левата рака префрлете ја преку стомакот. Десната нога испружете ја и подигнете ја. Ротирајте се на левата страна и вратете назад, но цело време пробувајте да не го одвоите лактот од коленото. Направете пет повторувања на секоја страна

Вежба број 3 : Мртов инсект

Подигнете ги истовремено десната рака и левата нога, а левата нога држете ја малку над земјата. Истото повторете го на другата страна. За почеток е доволно да направите три серии по пет повторувања.

Марино Башиќ важи за еден од најквалитетните приватни фитнес тренери на Балканот. Тој пред еден месец го одржа својот прв семинар во Македонија во организација на Крос Фит клубот “Скопје” каде што нашите тренери и спортисти можеа да се надоградат во своето знаење.