Дома БОРЕЧКИ ВЕШТИНИ Важноста на истегнувањето и флексибилноста

Важноста на истегнувањето и флексибилноста

330

За многу истегнувањето е најздодевниот дел од тренингот, а многу спортисти и го прескокнуваат.  Сепак истегнувањето на секој спортист треба да му биде неизбежен дел од тренингот кој допринесува за остварување на целите исто како и главниот дел од тренингот.

Зошто истегнување?

Истегнувањето ги подобрува спортските перформанси и го намалува ризикот од повреди, но и ја намалува болката во мускулите, а ја подобрува координацијата и еластичноста. Еластичноста е способност зглобовите да се движат низ целиот степен на движење, а истегнувањето помага да имате подобар степен на движење и помага тежински мускулите да се во рамнотежа ако сме претерале со тренингот.

Исто така, ретко кој дел од тренингот може да поттикне толку различни мислења и теории како истегнувањето. Кога да се истегнувате? Пред тренингот, за време на тренингот или после него?

Без оглед на тоа колку исправно ги изведувате вежбите и го работите тренингот, секогаш постои опасност од повреди, дури и само од преуморени мускули. Затоа истегнувањето позитивно влијае на квалитетот на мускулните влакна и нивното обновување.

Постојат дви видови на истегнување: статично и динамично, а ако ги изведувате во исто време, речиси целосно ќе се елиминира ризикот од повреди. Имаме и изометриско истегнување, но за тоа ќе пишеме друг пат.

Динамично истегнување – пред тренинг

Динамичното истегнување ги вклучува мускулите и целиот степен на движење, почнувајќи со мал степен и постапно зголемување на степенот и брзината. Се состои од контролирани движења кои не го надминуваат нормалниот степен на движење. Препорачливи се 8-12 број на повторувања. Целта на ова истегнување е активирање на нервниот систем и припрема за главниот дел на тренингот. Ова истегнување ја зголемува температурата во мускулите и го подготвува телото за поголем напор. Прогресивноста е најзначајна (аголот на истегнување).

Статично истегнување – за време на тренингот и после него

Статичното истегнување е вид истегнување во кое постапно ги доведувате мускулите во состојба на напнатост во која чувствувате благо истегнување на мускулите, а притоа ги задржувате 10 до 15 секунди во истата положба.  Ако има болка или неудобност во распонот истегнувањето треба да се намали како би се спречило прекумерното истегнување и оштетување на мускулите. Стекнете навика за истегнување како составен дел од било кој тренинг, бидејќи без него прогресот ќе биде помал, а опасноста од повреди поголема. Но немојте да претерувате со истегнувањето. Ако во текот на истегнувањето осетите болка, мускулите почнуваат да треперат или ако се смали движењето на зглобот, телото ви дава знак дека премногу сте се истегнале. Запамтете дека истегнувањето мора да биде пријатно чувство, а дека вистинската “слатката” болка почнува во главниот дел на тренингот.