Македонскиот шампион во боди билдинг Васко Мамутчевски, заштитно лице на “Д Стронгест Шоп”, вчера се закити со уште два медали и две големи успеси.
Васко се натпреваруваше во категорија Бодибилдинг до 90кг во која беше далеку пред останатите свои противници и го освои златниот медал.
Во отворената – апсолутна категорија бодибилдинг застана рамо до рамо со бугарскиот шампион Станимир Етов кој е потежок цели 28кг од Васко.
Во непосредното позирање Васко изгледаше “почист”, поквалитетен, со подобра форма, но кај судиите беше пресудна големината на бугаринот и нашиот Васко го освои сребрениот медал.
Тој не претстави нас како држава и домаќини на овој куп во најдобро светло. Во продолжение ви ги приложуваме судиските резултати .
Категорија до 90кг БОДИБИЛДИНГ
- Васко Мамутчевски Македонија 86.5кг 23 поени
- Ричард Олвечки Словачка 76.1кг 27 поени
- Куштрим Бајрактарај Косово 79кг 37 поени
- Новак Липовац Босна и Херцегновина 89.4кг 60 поени
- Раиго Кусном Естониа 85.3кг 75 поени
- Фестим Селмани Македонија 82.3кг 90 поени
- Мехмед Острилски Бугарија 79кг
- Атила Дик Унгарија 87.5кг
Отворена категорија БОДИБИЛДИНГ
- Станимир Етов Бугарија 114.6кг 6 поени
- Васко Мамутчевски Македонија 86.5кг 9 поени