Дома БОРЕЧКИ ВЕШТИНИ Уште ден голем успех на тимот “Д Стронгест”

Уште ден голем успех на тимот “Д Стронгест”

200

Настан: “AJP Serbia 2021”                                                 

Место: Белград, Србија

Дата: 04.12.2021

               Нашите репрезентативци и овој викенд на силниот меѓународен турнир во бразилска џиу џица во Белград, Србија во организација на ABU DHABI JJ се закитија со 11 медали во повеќе категории.

Нашиот тим на ова натпреварување не се појави со најдоброт тим (следниот викенд на распоред е Аматерската ММА Лига во Црна Гора на која истотака ќе настапиме со 7 представници), но со 10 натпреварувачи освои 11 медали. Нашиот селектор Ивица Алексовски е задоволен од постигнатото, иако напоменува дека овие момци и девојки во иднина ќе има што да покажат и освојат. Сепак за неколку ова беше прв настап на меѓународен турнир.

Со златни медали се закитија:

–        Даниела Алексовска

–        Томи Блажевски (борбата за заврши за 10 секунди со зафат – арм бар)

–        Анџела Стамкова

Со сребрени медали се закитија:

–        Ева Илиевска (категорија и во апсолутна)

–        Марко Сотиров

–        Марко Трајановски

–        Ива Спиридоновска

Со бронзени медали се закитија:

–        Ане Цветковска (апсолутна)

–        Давид Георгиевски

–        Вања Милевски

Учестуваа тимови од Бразил, Шведска, Обединето Кралство, Арапските емирати, Хрватска, Србија, Босна, Црна Гора, Германија, Колумбија, Португалија, Франција, Авганистан, Австрија, Италија, Словенија, Грција, Полска…, а боите на нашата држава ги бранеа 10 членови од “Д Стронгест” под водство на Председателот на Македонската Федерација за БЏЏ, Алексовски Ивица.

Во тимска конкуренција каде имаше повеќе од 30 тимови од целиот свет, членовите од “Д Стронгест” (Кисела Вода) го освоиа високото ТРЕТО место, а во конкуренција на ДРЖАВИ Македонија беше пласирана на истотака високото 3то МЕСТО (имаше натпреварувачи од над 20 држави).