Дома БЏЏ Уште еден голем успех на Македонската БЏЏ Репрезентација

Уште еден голем успех на Македонската БЏЏ Репрезентација

479
На силниот меѓународен турнир во Граплинг, ADCC Serbia 2021 кој вчера се одржа во Ковин, по пауза од година и нешто, нашата репрезентација предводена од селекторот Ивица Алексовски настапи со 6 натпреварувачи (2ца за прв пат настапија на ваков меѓународен турнир) и освоиа:
– 2 златни медали (Даниела Алексовска, Ева Илиевска)
– 2 сребрени медали (Марко Петровски, Ане Цветковска)
Даниела Алексовска со своите 15 години и 47 кг. настапи во категорија за девојки (од 15 до 18 години) и тежинска категорија до 60 кг.. Но и покрај што се бореше со потешки и постари противнички, полифиналната и финалната борба ги доби со зафат и го освои првото место.
Ева Илиевска во напредната категорија во своите две борби доминираше и двете борби ги доби заслужено и го освои златниот медал.
Марко Петровски се бореше во силна конкуренција на скоро 20мина натпреварувачи, победи во 3 борби, а финалната борба на продолжение изгубии на поени од противник кој беше еден од најквалитетните натпреварувачи на овој силен меѓународен турнир.
Ане Цветковска во финалната борба во Напредна категорија загуби на зафат и мораше да се задоволи со второто место и сребрениот медал.
Останататите двајца натпреварувачи Марко Цветковски и Сергеј Костовски ги загубија своите борби на поени.
На турнирот настапија натпреварувачи од 12 земји (меѓу кои и САД, Мексико, Полска, Италија, Словачка …), а нашата репрезентација беше на 4тото место.
Во тимска конкуренција нашите репрезентативци составена од членовите од РУТС БЏЏ Скопје, Охрид и Куманово, од 47 тимови, беа на високото 4 место.
Во невозможни услови за тренинг и припрема, по пауза од 1 година, нашите репрезентативци на високо ниво ја представија нашата држава.
линк за рангирање на државно ниво … https://smoothcomp.com/en/event/3364/toplist/12951/12705
линк за рангирање на тимско ниво … https://smoothcomp.com/en/event/3364/toplist/12952/12706