Дома БОРЕЧКИ СПОРТОВИ Тајсон Фјури – би го победил Џошуа со една рака врзана зад...

Тајсон Фјури – би го победил Џошуа со една рака врзана зад грб

238

Следниот ден одкако Ентони Џошуа го порази Владимир Кличко и ја превзема титулата за светски првак во тешка категорија (IBF,IBO,WBA), уште еднаш се огласи поранешниот првак, денес суспендираниот Тајсон Фјури.

Фјури го прекина долгогодишното владеење на Владимир Кличко пред две години така што го победи со едногласна одлука на судиите, а Џошуа во саботата го спречи враќањето на Украинецот на тронот. Фјури, кој е суспендиран и му е одземена титулата после скандалот со кокаин, одма најави свој меч против Џошуа штом се врати во рингот. Веќе почна да се враќа во форма и прашање на време е кога ќе биде подготвен за неговото враќање. Но, Фјури е уверен дека може да го сруши новиот првак.

“Тоа беше одлична борба. Навивав за Џошуа. Вриштев, ја корнев онаа малку коса што ми остана, бидејќи бев загрижен дека борбата ќе ме чини милиони. Џошуа покажа дека може да падне и да се врати уште посилен” – изјави Фјури.

“Само една борба за сега го интересира целиот свет – меч помеѓу мене и Џошуа. Јас сум сеуште број еден”- порача Фјури.

“Знам дека долго немам боксувано, како ни Кличко пред оваа борба. Но тој има 41 година, а јас 28. Мене не ми треба загревање. Стиловите на борба го прават боксот интересен. Сигурен сум дека можам да го победам Џошуа и со една рака врзана позади грб. Јас сум и понатаму број еден, тоа сите го знаат,” – изјавува Фјури.