Дома БОРЕЧКИ СПОРТОВИ “Д Стронгест” на Интернационалниот Џудо турнир во Струга со 6 натпреварувачи освои...

“Д Стронгест” на Интернационалниот Џудо турнир во Струга со 6 натпреварувачи освои 1 златен и 2 сребрени медали

162

На силниот Интернационален турнир во џудо кој се одржи по 4 пати во Струга учествуваа над 400 натпреварувачи од повеќе европски држави (Србија, Албанија, Грција, Турција, Бугарија, Холандија, Словачка, Босна, Црна Гора, Хрватска, Романија,Полска итн…), тимот на “Д Стронгест” со 6 натпреварувачи освоиа 3 медали.

По три освоени победи од кои две со ипон Ива Богдановска освои златен медал.

Марко Панчевски извојува две победи и се пласира во финалето каде што загуби од многу поискусен противник и се закити со сребрен медал.

Даниела Алексовска се бореше во категорија со многу поискусни натпреварувачи, носители на портокалови и зелени појаси. По извојуваната победа се пласира во финалето каде што ја загуби борбата и се закити со сребрен медал.

За Ева Илиевска ова беше прв настап на некој џудо тунир и првата борба и беше со носител на црн појас (противничката покасно го освои златниот медал). По силниот отпор кој и го наметна на противничката, сепак на крајот за загуби борбата. Со само 3-4 месеци тренинг во групата за бразилска џиу џица Ева прикажа солидна борба.

Останатите двајца наши натпреварувачи Никола Цветановски и Дамјан Петровски ги загубија своите борби (Цветановски на поени,а Петровски со ипон).

Тренерот на нашиот тим, Ивица Алексовски беше задоволен од прикажаното и напомена дека овој тим во времето кое доаѓа ќе создаде квалитетни џудо натпреварувачи.

Тимот на “Д Стронгест” е дел од Македонската Џудо Федерација.