Дома БОРЕЧКИ СПОРТОВИ “Д СТРОНГЕСТ” , ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА ВО ЏУДО, ДАНИЕЛА АЛЕКСОВСКА И...

“Д СТРОНГЕСТ” , ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА ВО ЏУДО, ДАНИЕЛА АЛЕКСОВСКА И ИВА БОГДАНОВСКА, ДРЖАВНИ ПРВАЦИ ВО ЏУДО

131

Членовите од “Д Стронгест” викендов учествуваа на ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА ВО ЏУДО и со 4 учесници постигнаа голем успех и освоија 4 медали:

  • ДАНИЕЛА АЛЕКСОВСКА – ЗЛАТЕН МЕДАЛ – ДРЖАВЕН ПРВАК
  • ИВА БОГДАНОВСКА – ЗЛАТЕН МЕДАЛ – ДРЖАВЕН ПРВАК
  • ДАМЈАН ПЕТРОВСКИ – БРОНЗЕН МЕДАЛ
  • ЕВА ИЛИЕВСКА – БРОНЗЕН МЕДАЛ

Минатиот викенд нашите членови беа дел од македонската репрезентација за бразилска џиу џица и освоија голем успех во Швајцарија, а овој викенд во џудо продолжуваат да постигнуваат големи успеси за својот “Д СТРОНГЕСТ”.

Полуфиналната борба на Алексовска … https://www.facebook.com/thestrongestmkd/videos/2060334667389791/

Тренерот Алексовски е задоволен од прикажаното и постигнатото:”Со малку џудо тренинзи, нашите фајтери го постигнаа максимумот во моментов. Ние како тим ќе продолжиме да остваруваме успеси во повеќе боречки спортови, сега во бџџ, мма, џудо, а од полека , полека влегуваме во системот на натпревари во Муаи Таи & Кикбокс Федерацијата на Македонија”.