Дома БОРЕЧКИ СПОРТОВИ Silva се потсети на контроверзната одлука : “Ако не се лажам, според...

Silva се потсети на контроверзната одлука : “Ако не се лажам, според правилата го победив Bisping”

96

Anderson Silva нема настапено од јубилејниот UFC 200 настанот и мечот во кој скокна против Daniel Cormier. Поранешниот првак и еден од најдоминантните борци во историјата, следната борба ќе ја има на 11 февруари на UFC 208 во Brooklyn, а негов противник ќе биде Derek Brunson. Тој неодамна  се потсети на една борба која очигледно не може да ја заборави.

Станува збор за борбата со Michael Bisping  од февруари минатата година, за која легендарниот Бразилец и денеска верува дека таа требаше да отиде на негова страна.

“Мислам дека победив. Кога тој го прими коленото, се слушна ѕвоното, а по правило, ако не се лажам, бара од борецот сам да стане и да отиде до својот агол. Тој не го направи тоа, а во кафезот влезе и комисијата која никогаш не влегува се додека борбата не е готова. Кога тие влегоа, јас веќе славев бидејќи тој беше нокаутиран. Ова е спорт и не требаше да продолжам со нападите врз него, а воедно се слушна и ѕвоното. Откако заврши во нокаут, него му донесоа стол да седне. Комисијата му помогна да се подигне и да седне на столот, тој не го направи тоа самостојно. Седеше во мојот агол, а потоа го преселија во неговиот ” изјави Бразилецот за Combate News па додаде:

“Мислам дека победив, но тоа е тоа. Тој е првак и треба да се почитува, а јас се надевам дека ќе добијам прилика за реванш, без разлика дали појасот ќе биде во игра или не” заклучи Silva кој откри дека според договорот има останати пет-шест борби кои има во план да ги изработи.