Да се намалат вишокот на масни наслаги не е воопшто лесно, а не е нималку едноставно, како што сите ние сме навикнати да очекуваме брзи и лесни резултати. Повеќе годишното само-уништување на самиот организам со брза храна, лоши животни навики, не доволната физичка активност доведува до нарушување на нормалниот баланс во организмот, а со самото тоа и наталожување на масни наслаги. Но, за среќа денес живееме во едно модерно и напредно време, кога информациите се лесно достапни за секого и можеме да пронајдеме доста едукативни информации за квалитетниот начин на исхрана, тренинг, здравиот начин на живеење, додатоците во исхраната.
Како да ги намалите вишокот на масни наслаги?
1. Променете го вашиот начин на живеење
Пред да започнете со намалување на масни наслаги, потребно е психички да се подготвите за промена на Вашиот начин на живеење, да поминете низ сите препреки и да ги оставите лошите навики зад вас, а притоа да се подготвите за нови успеси и нови победи. Можеби почетокот, ќе ви претставува тежок период во вашиот живот, но не заборавајте патот до УСПЕХОТ е секогаш тежок.
2. Внесувајте помалку калории
Направете баланс во исхраната, намалете го внесот на храна за одреден процент кога започнувате со намалување на масните наслаги. Почетните резултати ќе бидат видливи за брз период, а потоа на вас е да продолжите онака како што започнавте.
3. Внесувајте повеќе вода
Водата е средство во кое се одвиваат повеќе активности во телото, вклучувајќи транспорт и согорување на масти. А притоа тоа ќе ви помогне да се чуствувате сити, оптимален внес на вода би бил од 0.2 до 0.4л вода по килограм телесна тежина.
4. Ограничете го внесот на шеќери
Исфрлете го внесот на шеќер од вашите напитоци, лимитирајте го внесот на благи производи, како и внесот на сокови кои содржат висока количина на шеќер.
5. Користете додатоци во исхраната
Користењето на додатоци во исхраната како што се ТОПАЧИ НА МАСТИ, не се единствените хранливи додатоци кои треба да ги користите и покрај топачите препорачливо е да користите и:
а) Whey протеин, кој освен како напиток после тренинг за регенерација и градење на мускулите, можете да го користите и како додаток во вашите оброци, со кој ќе ги направите неверојатно вкусни, а притоа нема да имате потреба од додатни благи производи.
б) Есенцијални амино-киселини, се неверојатен напиток за време на тренингот, кој несамо што ќе ги заштитат вашите мускули од катаболна фаза за време на вашиот тренинг, тие ќе ви овозможат и дополнителна енергија во текот на тренингот.
в) BCAA, е разгранет синџир на есенцијални аминокиселини во кој спаѓаат Леуцин, Изолеуцин и Валин, кој сочинуваат дури 35% од аминокиселините во крвта.
г) Џумбир, е одличен топач на мастите а притоа ги намалува киселините во желудникот.
д) Зелен чај, е исто така одличен топач на мастите со што ја зголемува термогенезата и со тоа го забрзува метаболизмот за 5-15%.
6. Избегнувајте драстично намалување на внесот на калории
Драстичното намалување на калориите може да ги уништи хормоните, а притоа да нанесе голема штета на метаболизмот, со што ќе го нарушите вашето здравје.
7. Внесувајте повеќе зеленчук
Зеленчукот има голем нутритивен профил, започнуваќи од префектен макронутритивен, па се до микронутритивен профил со што зеленчукот е задолжителен дел од секој оброк.
8. Внесувајте 30 до 40 грама влакна во денот
Влакната освен тоа што ги „чистат“ дигестивните органи, тие индирекно го намалуваат нивото на инсулин, а притоа на влакната потребен им е поголем временски интервал на задржување во желудникот со што нема често да чуствувате глад и потреба за храна.
9. Внесувајте доволно протеини
Внесувајте доволна количина на протеини, но немојте да претерате со внесот на протеини бидејќи и тие содржат калории, кои телото може да ги искористи за зачувување на масни наслаги. Внесувајте 2-3 грама протеин по килограм телесна тежина, со што ќе му обезбедите доволно аминокиселини на вашето тело.
10. Не конзумирајте брза храна
Брзата храна, е сама по себе штетна и содржи голем број на нездрави и токсични материи со што го труја комплетно вашиот организам, кога немате доволно време да подготвите оброк, заменете го со протеинско чоколадо или со протеински напиток.
11. Тренирајте и бидете активни!
Физичката активност во било каков облик ќе ви помогне да го намалите вишокот на килограми и масни наслаги, одберете спорт кој вас ве прави среќни и ве исполнува.
Наша препорака за квалитетен фитнес & боди билдинг сала е “THE STRONGEST GYM” (сите членови добиваат голем попуст на сите наши суплементи во “THE STRONGEST SHOP”)
Наша препорака за квалитетен Центар за боречки вештини каде што може да тренирате мма, бразилска џиу џица, муаи таи, кикбокс, борење, групи за деца е “THE STRONGEST”
Повеќе инфо за горенаведените сали може да добиете на 070 24 22 88
Автор на текстот – “TheHealthyFoodMK”