Дома БОРЕЧКИ СПОРТОВИ Реакција на ММА борците по борбата Mc Gregor – Mayweather:”Капата доле за...

Реакција на ММА борците по борбата Mc Gregor – Mayweather:”Капата доле за Mc Gregor”

1090

Во долго очекуваниот спектакл кој го следеше цел свет, Floyd Mayweather Jr.  го победи светскиот првак во UFC, Conor McGregor и ја освои својта 50 победа во својата професионална кариера. 

Mayweather  во боксерскиот двобој со “The Notorious” го победи со технички нокаут во десетата рунда. Прекинот од страна на судијата е малку дискутабилен. По реакциите на некои познати личности од светот на ММА и боксот, судијата требаше да ја остави борбата да продолжи, требаше  барем еднаш да му брои на McGregor,па потоа да ја донесе оваа одлука. Знаеме дека со борбата со Дијаз, McConor беше добро “растресен” во 2 и 3 рунда, но сепак во 4 и 5 беше многу подобар.

Сепак на крајот од денот, McConor прикажа добра борба со еден од најдобрите на сите времиња како што е Mayweather кој сега има 50 борби со освоени 50 победи и го сруши рекордот на Rocky Marciano кој беше 49:0.

На крајот од борбата Mayweather кажа. “Вечерва, го одбрав перфектниот противник со кого ќе “танцувам во рингот”. Conor McGregor, ти си извонреден фајтер” каде што на крајот од изјавата ги поздрави сите ирски подржувачи на McGregor.

Борбата која се одржа во “T-Mobile” Арената е главна вест во светот на боречкиот спорт, но и пошироко, па така и ММА заедницата реагираше и имаше свое мислење за “Борбата на столетието”.

Nick Diaz: “Луѓето ме прашуваат, јас само им кажувам дека ќе трае повеќе од 3 рудни.”

Eddie Alvarez: “Капа доле за McGregor. Најдобриот на сите времиња му требаше 10 рунди… Одличен шоу за светот на ММА.”

Rafael dos Anjos: “Conor е борец за првата рунда, нема кондиција, нема срце. Уште ми должиш борба.”

Demerious Johnson: “McGregor го направи своето, го представи нашиот спорт како гангстер.”

Cris Cyborg: Неверојатна борба! McGregor е легенда! Floyd е најдобриот борец на нашата ера. UFC. Dana White, Вие на фановите им давате борби.”

Derrick Lewis: “Conor беше многу добар.”

Chris Weidman: “Не ми е гајле, прекинот беше ср**e!”

Luke Rockhold: “Добро заработени пари. Почит за McGregor.”

Jimi Manuwa: “Wow, тоа беше одлична борба.”

Stephen Thompson: “Честитки за McGregor за тоа што го покажа вечерва против еден од најдобрите. Тој е неверојатен борец и натпреварувач.”