Дома ФИТНЕС Неколку вежби за зајакнување на зглобовите

Неколку вежби за зајакнување на зглобовите

245

Ако некогаш сте го повредиле зглобот на ногата при вежбање, трчање, пешачење  знаете колку е тоа болно и е повреда што дефинитивно не сакате повторно да ја имате, бидејќи е ужасна. Ве спречува потоа да правите било каква физичка активност.

Ако еднаш сте го повредиле глуждот, големи се шансите повторно да го повредите односно свиткате, но секој нареден пат е се поголема болката. Зголемувањето на флексибилноста, зајакнувањето и подобрувањето на рамнотежата може да ви помогнат да ги одбегнете овие повреди.

Еве неколку вежби кои ќе ви помогнат со тој проблем:

Балансирање

Застанете на греда и одете напред-назад. Направете неколку серии, една серија да биде минимум 30секунди доколку можете подолго зголемете го времето на вежбата. Потоа преминете на кружни движења. Ако немате греда на располагање, одењето на работ на тротоарот исто така помага, само внимавајте да не го правите тоа на прометна улица.

Виткање на прстите на нозете

Кревање предмети

Ставете 5-10 мали предмети на подот. Кревајте го секој предмет со прстите на нозете и преместувајте го на друго место. Направете по три сетови со секоја нога. Оваа вежба е добра и за зајакнување и за баланс.