Дома ФИТНЕС Неколку совети за да ја подобрите Вашата мотивација за тренинг

Неколку совети за да ја подобрите Вашата мотивација за тренинг

388

Да најдете причина за да вежбате, првото нешто што треба да го запомните е дека Вашите тренинзи не треба да ги организирате според вашето моментално расположение, туку според вашите поставени цели и вредности!

Стани “ранобудна птица”

Сте слушнале и претходно дека луѓето кои наутро вежбаат се успешни во своите фитнес цели и во следењето на фитнес програмата. Сте се запрашале некогаш зашто? Па, да, точно е дека има нешто што треба да се каже за да го започнете и продолжите денот. Но, всушност тоа се сведува на волјата. Волјата е како резервоар за гас и генерално се исцрпува во текот на денот. Доколку имате проблеми да се придржувате до испланираниот тренинг по завршување со работното време, размислете да си закажете тренинзи наутро и да почуствувате тотална промена во своето расположение и енергија во текот на денот!

Правило “5 минути”

Што значи ова правило? Поставете тајмер и започнете со тренингот. Ако по 5 минути сеуште не сакате да продолжите со вежбање, имате дозвола да не вежбате воопшто.

Обично Вашиот аларм се активира рано наутро и вие веднаш почнувате со изговори од типот “многу ми се спие, несакам да станам, несакам да работам, ќе ми биде тешко, многу сум уморен…” итн.. ги има премногу. Никогаш денот не го почнувајте со изговор! Веќе кога ке станете и ќе почнете да се загревате за утринскиот тренинг тоа и нема да ви изгледа толку лошо покрај се..

Престани да одиш во …

Ако секој Ваш тренинг се одвива во рамките на четири ѕидови каде вежбате секојдневно, можете за промена да направите тренинг на отворено возење велосипед, надворешен тренинг на шипки кој станува се попопуларен. Друга опција е да пробате еден бесплатен тренинг во друга теретана, некоја во која што не сте вежбале. Исто така можете да останете и да вежбате дома. Без разлика на Вашето ново место за тренинг, промената на сценографијата може да биде се што ви треба за да се обнови Вашата енергија.

Побарајте предизвик

Понекогаш ви е потребна награда, за да добиете мотивација. Тоа значи дека можете да се пријавите на некој локален фитнес, бодибилдинг, поверлифтинг натпревар и слично. Дури можете да си ги мерите Вашето време, тежини, репетиции за време на Вашите тренинзи и да се обидувате секоја наредна недела да се победите себеси во истиот тренинг. Тоа е најдобра опција да видите дали има напредок од вашиот тренинг.

Добро место за почеток?

Денешниот тренинг!

ПОСТАВЕТЕ СИ ЦЕЛ КОЈА ЌЕ ВЕ НАТЕРА ДА РИПНЕТЕ ОД КРЕВЕТОТ НАУТРО !

Автор на текстот: Михаил Поповиќ