Дома ИСХРАНА Неколку идеи за оброци после тренинг!

Неколку идеи за оброци после тренинг!

745

Оброкот после тренинг е од големо значење ако сакате своето тело да го осигурате со максимален ефект од тренингот кој сте го направиле. Основна цел на оброкот после тренинг е што побрза обнова на потрошените резерви, односно регенерација и адаптација после стресот и мускулните оштетувања кои се предизвикале со вежбањето. Без разлика дали станува збор за било каков спортски тренинг, или пак рекреативен тренинг со цел да се изгради убаво тело, важноста на оброкот после тренингот е еднаква.

ЈАГЛЕНОХИДРАТИ ПОСЛЕ ТРЕНИНГ?

Оброкот после тренинг мора да содржи протеини и јагленохидрати. Без разлика дали сте на диета за слабеење, додавате мускулна маса или тренирате со цел да развијате одредена способност, јагленохидратите мора да бидат составен дел во оброкот после тренинг. На сите нас ни е познато за предрасудите кои владеат дека јагленохидратите дебелеат, но најважна работа во целокупните процеси при слабеење, додавање мускулна маса или било која друга цел е вкупниот калориски внес, а потоа и стапката на застапеност на протеините, јагленохидратите и мастите.

ВАЖНОСТА НА ПРОТЕИНИТЕ ПОСЛЕ ТРЕНИНГ

Внесот на протеини после тренингот е еднакво важен како и за внесот на протеини во сите останати дневни оброци. Доколку правите тренинг за снага, синтезата на протеини е појачана за 24-48 часа после тренингот, па е препорачливо да се внеси и поголема количина на протеини. Најбрза опција за внес на протеин после теретана е 20-30 грама протеин (Протеин во прав – Whey протеин) во комбинација со глукоза, а во следниот оброк повторете ја истата количина на протеин во комбинација со јагленохидрати, само преку крута храна. Освен протеинскиот шејк, најдобра опција за внес на протеини после тренинг е немасно месо или риба (пилешки/мисиркини гради, ослиќ, туна).

РЕЦЕПТИ

  • Количината на намерници во рецептите нема да биде наведена бидејќи треба да се прилагоди индивидуално, во зависност од моменталната состојба на личноста и целта која сакаат да ја постигнат.

1. Ориз, зеленчук, пилешки гради.
– Оризот се готви во малку солена вода, зеленчукот тивко се пржи на тава со лажичка кокосово масло, додека пилешките гради се печат на електрична скара.

2. Туна стек и палента.
– Стекот од туна се печи на грил тава, а палентата се приготвува во вода. Во комбинација со палентата можете да додадете грав и маслинки.

3. Мисиркини гради и компир.
– Компирот се пече во рерна, додека мисиркините гради се печат на електрична скара…

4.Пилешки гради во тортиља.
– Пилешките прсти се печат на електрична скара, се ставаат во тортиља во комбинација со ориз, домат, малку ориз по желба се додава млад кромид и лимета.

 

 

Превземено од: TheHealthtyFood.mk