Дома СУПЛЕМЕНТАЦИЈА ЛЕУЦИН !!!

ЛЕУЦИН !!!

872

Поради тоа што многу малку се знае за важната улога на Леуцинот во мускулниот раст, решив да посветам збор повеќе околу неговата функција, улога и начинот на кој делува.
Постојат можеби 9 есенцијални амино киселини, но во бодибилдингот ниедна не е поважна од Леуцинот.
Се смета дека Леуцинот е единствена аминокиселина која може да го стимулира мускулниот раст, а исто така влијае на спречување на деградација на мускулите со возраста и стареењето.
Ова се најновите истражувања за тоа како разгранетиот синџир на амино киселини (BCAA – branched chain amino acids) може да ја забрза синтезата на протеините.
Замислете да ви кажат дека постои “прекинувач” со кој можете да го поттикнете и стимулирате растот на мускулите, исто како прекинувачот за светло кој го вклучувате да ја осветлите просторијата. Тој прекинувач во овој случај е Леуцинот.
Часовите во теретана поминати во убиствени сетови за добивање квалитетна мускулна маса самите по себе не се доволни. Потребен ви е и протеин. Ниту еден извор не е подобар од протеинот од сурутка токму поради високиот аминокиселински состав, поточно поради големата застапеност на Леуцин.
Леуцин, една од 9-те есенцијални аминокиселини (“есенцијална” значи дека телото само по себе неможе да ја создаде) – се смета за главен “прекинувач” кој ја стимулира синтезата на протеините.
Постои огромна количина на истражувања околу Леуцинот, и следниве информации се важни да ги знаете – но само ако сакате да растете!!!

Леуцин, изолеуцин и валин се трите аминокиселини од разгранетиот синџир (BCAA) кои се клучни за стимулирање на протеинската синтеза на скелетните мускули. Занимливо е што Леуцинот има многу поголема моќ на стимулирање на ситезата на протеините во споредба со било која друга амино киселина.
Една од најистражуваните патеки за мускулен раст се нарекува mTOR патека (mechanistic target of rapamycin), а Леуцинот ги активира комплексните патеки за градење и раст на мускулите преку mTOR. Всушност mTOR е високо чувствителен на концентрациите на Леуцин.
Еве што се случува: намалувањето на нивоата на Леуцин му сигнализираат на mTOR дека има недостиг на материја присутна за синтеза на нови протеини на скелетните мускули, со што доаѓа до деактивација на самиот mTOR. При зголемување на внесот на Леуцин, покачената аминокиселина праќа сигнали до mTOR за повторна активација поради тоа што постои доволна материја за вклучување на севкупната протеинска синтеза.
Важна точка што треба да се запамти е тоа што – зголемувањето на активноста на mTOR резултира со зголемување на синтеза на протеините и поголем мускулен раст.
Тоа е навистина толку едноставно:
Активирајте го “прекинувачот” за Леуцин и започнете со растење, секако под предпоставка дека тренирате доволно и доволно добро се храните за да го поддржите анаболизмот во потполност.
За важната улога на Леуцинот говори и еден од најпознатите бодибилдери од златната ера на бодибилдингот – Frank Zane (3-кратен Мистер Олимпија) кој уште во 80-тите години го користел Леуцинот во големи количини познавајќи ја неговата есенцијална улога во градењето на квалитетна мускулна маса.
Мој избор на Леуцин е L-Leucine од FA Nutrition (Fitness Authority) кој може да го најдете во продажните места на The Strongest SHOP”

Автор на текстот е Зоки Петрески