Најголемата дилема за тоа што му е потребно на човековото тело за да ја зголеми мускулната маса, всушност и не е толку сложена за објаснување. Веќе добро познато на сите ни е дека покрај тежинските тренинзи во теретана, најбитниот елемент за раст и развој на скелетните мускули е квалитетот, количината и односот на макронутриентите кои ги внесуваме во вид на храна и додатоци во исхраната во текот на денот. Кога зборуваме за макронутриенти, всушност зборуваме за ПРОТЕИНИ, ЈАГЛЕХИДРАТИ и МАСТИ. Секој кој сака да ја зголеми мускулната маса, треба да внесува околу 2-2,5 грама на протеин од животинско потекло(месо, јајца, риба, млеко и млечни производи) за секој килограм од својата тежина, двојно повеќе грама на јаглехидрати кои во голем процент треба да бидат сложени (ориз, компир, овес, пченка и слично) од внесот на протеини и околу 30-40 грама здрави масти (јаткасти плодови, маслиново масло, кокосово масло, авокадо и слично) . Пример: ако вежбачот тежи 100 килограми, дневно треба да внесува минимум 200 грама протеини, 400 грама јаглехидрати и околу 40 грама масти.
Дел од додатоците во исхрана се создадени со цел за збогатување на квалитетот на исхраната со цел за побрз и поголем напредок во процесот на добивање мускулна маса, и со самото тоа добивање на добро нахранети, цврсти и големи мускули. Во овој текст ќе зборуваме за докажаната комбинација на додатоци во исхраната кои лично мене како професионален бодибилдер, а и на сите оние кои побарале и го послушале мојот совет му помогнала да ги остварат, а во некои случаи и да ги надминат посакуваните цели.
1. ПРОТЕИН
Протеинот е најбитниот суплемент за градење на мускулна маса. Богат е со големи количини на есенцијални амино-киселини кои организмот неможе сам да ги произведе, па истите мораат да се внесуваат во вид на храна или како додаток во исхраната. Амино-киселините се накратко кажано храна за раст и развој на мускулното ткиво.
2. ГЛУТАМИН
Глутаминот е есенцијална амино-киселина која се наоѓа далеку на првото место пред сите останати амино-киселини кога станува збор за градење на мускулната маса. Глутаминот му е потребен на човековото тело во далеку поголеми дози од другите амино-киселини. Покрај градењено на чиста мускулна маса, и помагањето во топењето масни наслаги, Глутаминот игра многу важна улога во нормалното функционирање на мозокот(како многу битен неуротрансмитер кој ја подобрува меморијата, концентрацијата и фокусот), го обновува и го поправа дигестивниот систем, го намалува крвниот шеќер и е антиканцероген.
3. КРЕАТИН
Креатинот е најстариот, најтестираниот и најзборуваниот суплемент на пазарот. Креатинот е природна супстанца, која во телото се претвора во креатин-фосфат. Креатин-фосфатот потоа во телото се претвора во АТР(аденозин трифосфат). АТР создава енергијата за мускулни контракции. Креатинот во мали количини може да биде произведен од човековото тело, и може да биде внесен преку црвено месо. Сепак, вистинската доза на креатинот, онаа која ке ја направи разликата за раст на мускулна маса, мора да биде внесена како додаток во исхрана. Креатинот помага за зголемување на силата и издржливоста на мускулите, зголемување на мускулната маса и брз опоравок по тежок тренинг. Во поново време научниците истражуваат дали креатинот може да помогне во лекувањето на одредени здравствени проблеми предизвикани од ослабнати мускули,вклучувајќи ги: срцев удар, неуромускулни заболувања како мускулна дистрофија и АЛС. А во едно испитување е веќе докажано дека креатинот дава голем напредок во намалувањето на енормно високите дози на холестерол во крвта кај некои индивидуи. Сепак тоа е суплемент со кој треба да се внимава да не се прекорачи дневната доза, бидејќи при предозирање може да предизвика несакани ефекти и зголемена работа па дури и отказ на бубрезите.
4. ДЕКСТРОЗА
Декстрозата или гроздов шеќер е најпознатиот прост јаглехидрат во спортот. Таа го има највисокиот гликемиски идекс(100), односно тоа е шеќер кој најбрзо се претвора во гликоген(енергија) и најмногу го крева инсулинот во крвта. Ова е особено голема предност доколку се користи правилно заедно со погоре споменатиот – креатин. Покрај тоа што гликогенот ќе ви дава енергија за да изработите добар тренинг, високото ниво на инсулин ја прави разликата во случајот. Инсулинот е тој кој го врзува креатинот за себе и го “вози” низ крвотокот, носејќи го до местото каде треба најмногу – мускулите.
5. АРГИНИН
Според мене една од најбитните амино-киселини за добивање на мускулна маса и еден од најбитните суплементи во оваа комбинација. Аргининот помага во проширување на крвните садови, и со самото тоа до поголем доток на крв до мускулите. Повеќе крв значи поголема напумпаност, повеќе кислород и повеќе храна за мускулите. Во превод, во оваа комбинација, тоа значи многу повеке Амино-киселини, Глутамин, Креатин и гликоген до мускулите со што истите многу побрзо ќе се регенерираат, многу поквалитетно ќе се нахранат и многу побрзо ќе пораснат.
Автор на текстот: Бобан Наумоски – Професионален бодибилдер, персонален тренер и нутриционист
Сопственик на Genesis – Health Fithess Power