Дома ММА Хабиб ја изненади јавноста: “Можам да му опростам на МекГрегор и нашето...

Хабиб ја изненади јавноста: “Можам да му опростам на МекГрегор и нашето помирување е возможно…”

146

Шампионот во лесна категорија во UFC Хабиб Нурмагомедов во последната изјава кажа “како може да го замисли помирувањето со неговиот најголем непријател Конор МекГрегор”.

“Орелот” овие денови одржуваше многу спонзорски и медиумски задачи, а еден од нив беше и оној за енергетскиот пијалок “Горила”. На представувањето во Москва одговараше на многу прашања. Едно од прашањата беше околу помирувањето со ирската суперзвезда.

“Се е возможно. Како што јас и МекГрегор се скаравме, исто така можеме и да се смириме”, изјави Хабиб и додаде дека не е сигурен како ќе реагира следен пат кога ке се сретне со Конор МекГрегор.

Двајцата ги очекува сослушување пред комисијата во Невада, а таму дефинитвно мораат да наидат еден на друг!

“Кои сме ние да не можеме да си простиме еден на друг, ако нас Севишниот секојдневно ни опростува гревови?”, се прашува Дагестанецот.

Што е следно за Нурмагомедов? Ако тој се прашува, бокс меч со Мејведер за него има најмногу смисла.

“За мојата пензија и кога збориме за финансии, но и во спортска смисла, мислам дека меч против Мејведер предизвикува најголем интерес”, ги открива своите планови и додава дека пред било какви планови мора најпрвин да го реши проблемот со Атлетската Комисја во Невада.

“Најпрво тие морат да го решат, тоа што треба да го решат, а после тоа можеме да збориме”.

Последната седмица Нурмагомедов ја обработуваше својата победничка турнеја, тој се состана со политичарите, поборниците и бизнисмените, а неговата популарност достигна потполно ново ниво. Но во политиката не планира…

“Се трудам да се тргнам од сето тоа. Главната цел на секој човек треба да биде желбата за помагање на другите луѓе. А како претставник да речеме во парламентот не си задолжен да го правиш тоа”, заклучува UFC шампионот.