Дома ММА Јоел Ромеро ја откажа борбата против Коста: “Не сум подготвен”

Јоел Ромеро ја откажа борбата против Коста: “Не сум подготвен”

69

Сепак УФЦ 230 нема да една од веќе службено најавените борби, откако Ромеро изјави дека нема да биде подготвен на 3 Ноември во Медисон Сквер Гарден.

Борбата беше службено најавена на прес конференцијата “25th Aniversary”, иако само ден пред тоа се збореше дека Ромеро не ја прифатил борбата, дури и Коста го предизвика. Иако беше најавена борбата, тие не се сретнаа на прес конференцијата, а сега Кубанецот отрки дека борбата нема да се деси.

“Моментално чекам. Мојот менаџер му кажа на Дана дека можам да се борбам, но не сега. Можеби за четири или пет месеци. Би сакал да се борам на тој настан, но сепак морам да почекам. Морам да бидам паметен и да се борам кога докторите ке ми одобрат. ”

Тој исто така отрки и една ексклузивна вест. 41-годишниот Кубанец потпишал нов договор со УФЦ на 8 борби, што значи дека би се борел уште минимум 3 години. На прашањето дали тоа значело преминување во полу тешка категорија , тој одговори дека моментално не размислува на такво нешто.

“Разговарав со УФЦ и им кажав дека немам намера да преминам во полутешка категорија. Можеби ќе се деси тоа во иднина, но луѓето треба да го видат појасот од средна категорија на мојата половина. Кога ќе го освојам појасот, можеби ќе преминам во потешка категорија да обработам некој супермеч.” рече Ромеро кој не ја достигна килажата на последните две борби.