Дома ММА “Хабиб е предвидлив и не знае да ја заврши борбата, МекГрегор најверојатно...

“Хабиб е предвидлив и не знае да ја заврши борбата, МекГрегор најверојатно ќе го прати на спиење”

142

Не е тајна дека на 6ти Октомври во борбата за појас во лесната категорија помеѓу Конор МекГрегор и Хабиб Нурмагомедов двајцата ќе се потпрат на своите најјаки страни.

За МекГрегор тоа се неговата неверојатна брзина, притисок и прецизност во стоечка позиција, додека Хабиб е најпознат како незаморлив граплер со врвна кондиција и брутален притисок на кој никој досега не нашол решение.

Невозможно е да се предвиди како ќе заврши борбата и чии јаки страни ќе доминираат, петто рангираниот борец во лесна категорија Кевин Ли е се повеќе уверен дека МекГрегор е тој кој ќе ги искористи своите таленти за да дојде до победа.

“Мислам дека Конор ќе го нокаутриа Хабиб!”, кажа Кевин Ли.

“Се повеќе размислувам на тоа како што се ближи борбата, Конор најверојатно ќе го прати Хабиб на спиење.  Хабиб секогаш пристапува на истиот начин. Тој е чудовиште кога ке се закачи за вас, тоа го признавам. Но не е баш најдобар кога треба да ја заврши борбата. Против Мајкл Џонсон дојде до ситуација во која практично мораше да го моли за да се откаже.”

“Мора да го прави тоа од рунда во рунда. Но некој како Конор, ако Хабиб налета на неговата лева рака, бидете сигурни дека ќе го прати на спиење. Поради тоа се повеќе и повеќе размислувам дека Конор ќе победи, иако тоа не е добар противник за него. Сепак се работи за сјајна борба!”