Дома ФИТНЕС Фитнес група за понежниот пол “Д Стронгест Лејди”

Фитнес група за понежниот пол “Д Стронгест Лејди”

214

Доаѓа време кога сите ние се грижиме за своето здравје, поради брзиот начина на живеење, стресот, загадениот воздух и се друго што ни го прави животот покомплициран. Затоа треба повеќе да поработиме на себе, што значи покрај здравата исхрана многу е важна и ФИЗИЧКАТА АКТИВНОСТ.

kikfit

Три тренинга во текот на неделата се доволни за да се растеретиме од стресот, од обврските и да го зајкнеме нашиот имунитет.

Тренингот трае еден час во кои имате вежби за загревање вежби со сопствена тежина, вежби со тегчиња, јажина, медицинки, кетлбели, бугарски вреќи и др. спортски помагала кои ќе Ви го направат тренингот интересен и пред се ефикасен. Замислете си ја групата од сите оние жени, девојки кои се дојдени за забава, дружење и нормално личности кои се спремни да си го сменат својот начин на живеење кон подобро.

kikfit

Размислете убаво што Ви е приоритет во животот. Изберете го тоа што Вие го сакате и дојдете на тренинзи и дружење со позитивни и ведри луѓе, зошто се знае дека спортистите се најпозитивните луѓе кои се грижат за своето тело, својот живот и своето здравје.

Тренингoт е прилагоден за понежниот пол.

Тренингот е составен е од многу комлексни аеробно-анаеробни вежби.

Самата програма е создадена од комбинација на разни методи за зајакнување на телото и подобрување на кондицијата.

Идеално е за оние на кои им е здосадено од боди билдинг машините и сакаат да работат вежби со своето тело, својата тежина и додатни помагала. Секогаш кога се работи во група е полесно и поинтересно изведувањето на вежбите.

Програмата е создадена по следниве видови на концепти:

  • ХИИТ – високо интенивен интервален тренинг;
  • Табата;
  • Интервален тренинг;
  • Тренинг со станици;
  • Комбинација од повеќе аеробно-анаеробни методи.

Исто така се изведуваат техники на удар во боксерска вреќа, фокусери со цел подобрување на формата на телото, но воедно се изучува и техниката на удар.

Додатни помагала:

  • 1. Кетлбели – мачкино ѕвоно;
  • 2. Медицинки (меки и тврди со различна тежини);
  • 3. Ролери;
  • 4. Вратила;
  • 5. Тегчиња (повеќе тежини);
  • 6. Бугарски вреќи;
  • 7. Јажиња за скокање;
  • 8. Топки за стабилност;
  • 9. Боксерски вреќи;
  • 10. Фокусери за рачни и ножни удари;
  • 11. Останати помагала.

Тренинзите ги водат лица кои се стручно подготвени за Ваша правилна преобразба во позитивна насока.

Тренингот е составен од:

  • Загревање;
  • Истегнување;
  • Лесни вежби;
  • 20 минути интензивен тренинг;
  • Растегнување;
  • Олабавуваење.

Нашето мото е: “НЕ ЧЕКАЈТЕ ДА ПОЧНЕТЕ ОД УТРЕ, УСПЕШНИТЕ ЛУЃЕ ПОЧНУВААТ ОД ДЕНЕС”