Дома ММА Емотивен момент снимен на камера: Мајката на Тајрон Вудли го теши поразениот...

Емотивен момент снимен на камера: Мајката на Тајрон Вудли го теши поразениот противник на нејзиниот син, Дерен Тил

78

Службениот Твитер профил на УФЦ го објави ова многу интересно видео и емотивниот момент кој се случи позади сцената во арената во Далас по завршување на УФЦ 228.

Неколку моменти одкако ја изгуби најбитната борба во својата кариера и не го оствари својот сон и својата цел, Дерен Тил повторно се сретна со човекот кој го спречи во тоа. Но, краткиот емотивен разговор со Тајрон Вудли не беше единствениот таков момент по неогвиот пораз.

Во центарот на арената се наоѓала и мајката на Вудли. Таа сакала да го подржи противникот на нејзиниот син, да го гушне и да му пренесе дека неговто време допрва доаѓа.

Знак на почит спрема Енглезот покажа и познатиот тренер на Вудли Дјук Руфус, кој истотака се појавува на видеото.

“Ме боли, многу ме боли. Поради тоа што бев толку блиску да го нарпавам тоа што го планирам и сонувам цел живот. Сакав да го освојам тој појас и да бидам најголем” рече Тил по поразот и на тоа додаде:

“Но и понатака ќе бидам најдобриот. Тоа го знам! Само што зборував со Тајрон Вудли позади сената и тој губел. И Џон Џонс губел. И Џорџ Сент Пиер губел… Сите најдобри губеле. Јас вечерва го доживеав првиот пораз. Добар сум, али сум многу разочаран. Неможам да го кажам тоа на друг начин”.

Погледнете го видеото…