Дома Uncategorized Еден викенд, два дена и 23 медали за МАКЕДОНСКИТЕ БЏЏ репрезентативци

Еден викенд, два дена и 23 медали за МАКЕДОНСКИТЕ БЏЏ репрезентативци

73

Изминатиов викенд Македонските БЏЏ репрезентативци под водство на Проф. Ивица Алексовски, селектор на нашата репрезентација, учествуваа на два силни меѓународни турнири.

Во саботата на турниот  Abu Dhabi Pro 2019 CROATIA”, Македонија ја претставија 9 од нашите најдобри репрезентативци. Вкупно освоија 10 медали од кои:

Златни медали:

  1. Даниела Алексовска
  2. Марко Петровски
  3. Томи Блажевски
  4. Ева Илиевска

 

Сребрени медали:

  1. Стефан Пецевски
  2. Михаил Поповиќ
  3. Ева Илиевска
  4. Бојан Манчевски
  5. Дамјан Петровски

Бронзени медали:

  1. Вања Милевски

Исто така дел од натпреварувачите од турнирот во Хрватска учествуваа следниот ден на турнирот  во Белград “FUTURE CHAMPIONS 2019”, кој е најдобриот турнир за деца до 18 години на Балканот и на кој оваа година учествуваа повеќе од 350 натпреварувачи.

На турнирот “FUTURE CHAMPIONS 2019” Проф. Алексовски предводеше 16 натпреварувачи. Нашите најмали шампиони извојуваа 13 медали од кои:

Златни медали:

  1. Даниела Алексовска
  2. Томи Блажевски
  3. Дин Радончиќ
  4. Ања Чивчиристовска
  5. Марко Ристовски
  6. Петар Цветановски
  7. Никола Цветановски

Сребрени медали:

  1. Дамјан Петровски
  2. Александар Колевски
  3. Ива Богдановска
  4. Филип Митревски
  5. Борјан Трпковски

Бронзени медали:

  1. Марко Петровски

 

Најмногу овој викенд се истакнаа Даниела Алексовска и Томи Блажевски со по 2 златни медали на двата турнири, Марко Петровски кој успеа да освои 1 златен и 1 бронзен медал и Дамјан Петровски кој се закити со 2 сребрени медали.

Алексовска во Загреб со своите 44 кг. мораше да се бори во – 57 кг. и двете борби ги заврши со зафат, а во Белград се бореше една категорија погоре (доброволно се пријави) и во финалето ја победи Сара Филич која пред една недела се го освои второто место на Европското Првенство во БЏЏ кое се одржа во Ирска.