Што јадевте ова утро за доручек? Секој сериозен спортист кој сака да постигне резултати мора да и посвети внимание на исхраната.
“Не бев гладен. Немав веме за доручек. Не сакам дробени снегулки”, се најчестите изговори кај оние кои не го сакаат доручекот.
Дали ви е доволно да знаете дека Michael Phelps НИКОГАШ не го прескокнува доручекот! НИКОГАШ!
Математиката е всушност многу едноставна: Правилната исхрана и квалитетниот доручек со кој ќе го започнете денот, ќе ви биде предуслов за добар тренинг и напредок. Доручекот има многу придобивки за кои многу не се свесни:
- Го подобрува вкупниот нутритивен план – квалитетниот доручек е одличен почеток на денот, а после ваков оброк се смалени шансите дека за ручек ќе внесете нешто не здраво. Квалитетниот доручек е психолошки поттик за и следните оброци во денот да бидат “по правилата”.
- Ја подобрува целокупната состојба на организмот – во текот на целиот ден ќе се чувствувате полни со енергија.
- Ја намалува опасноста од повреди – доручекот е многу важен за спортисти кои имаат повеќе од еден тренинг во денот. Затоа е многу важен внесот на јагленихидрати кои даваат енергија за физичките напори, а неговиот недостаток го загрозува имунолошкиот систем и ја зголемува опасноста од повреди.
И што да се јаде за доручек? Секој од нас е различен и има различни нутритивни потреби, а со тоа нема едно решение што на сите ќе им биде по мерка. Еве неколку предлози од кои сигурно ќе го најдете вистинскиот за вас:
- Омлет од белки и свеж спанаќ со една доза дробени снегулки,
- Smoothie од природен путер од кикирики, нискомаслено млеко, 1 банана и една доза протеин
- Една доза дробени снегулки со една доза протеин и пола рака суво грозје
Откако доручекот ќе ви стане главен оброк секое утро првите промени ќе ви бидат, подобро расположение, повеќе енергија на тренинг и брз напредок. А што сакате повеќе?