Дома БЏЏ Доминација на ММА борците од “Д СТРОНГЕСТ”

Доминација на ММА борците од “Д СТРОНГЕСТ”

480

 

Вчера во Гостивар под покровителство на “WMO World MMA Organisaton” се одржа до сега најквалитетниот ММА турнир организиран во Македонија.

Настапија борци од Србија, Босна, Косово, Албанија, Азербејџан и Македонија.

Во преополната сала љубителите на ММА спортот имаа можност да уживаат во спектакуларни борби, да ги видат мајсториите на македонските мма фајтери.

Членовите од најдобриот македонски ММА клуб “Д Стронгест” на чело со Алексовски Ивица доминираа на овој врвен настан.

Од сите 7 борци кои се бореа под боите на “Д Стронгест” , 6 борци извојуваа победи и тоа сите со завршница.

Првата победа ја донесе младиот и надежен борец Марко Петровски кои со зафат т.н. RNC уште во првата рунда го заврши својот настап со првата победа за тимот.

Теодор Стојковски во втората рунда го принуди својот противник да ја предате борбата и со технички нокаут за заврши својата борба.

Пред неколку месеци во Кичево се одржа ММА турнир и на овој турнир нашиот Михаил Поповиќ се бореше со борец од Гостивар каде што судиите одлучија борбата да заврши нерешено. На овој турнир  Михаил во реванш борбата беше доминантен и ја заврши борбата уште во првата рунда со зафат т.т. RNC.

Во своето мма деби, Виктор Лазов истотака во првата рунда ја заврши борбата откако неговиот противник ја предаде борбата по серија на рачни удари кои ги зададе Виктор од позиција со која добро го контролираше својот противник.

Следен беше борецот од “Д Стронгест Аеродром”, Дино Старчевиќ кој под водство на својот тренер Бојан Христовски ја заврши борбата во првата рунда со зафата (гиљотина).

Најдобриот македонски мма борец Стефан Пецевски во својот профи настап се бореше против борец од Србија кој за неполна минута ја заврши борбата со технички нокаут (по серија на рачни удари, противникот ја предаде борбата).

Само гостинот од Азербејџан, Хидает Мамадов кој ја прифати борбата пред само неколку дена,  ја загуби борбата. Хидает по серија на зафати кои не успеа да ги реализира, во позиција на “back control” младиот борец од Гостивар, зададе неколку рачни удари и судијата ја прекина борбата.

Тренерот Алексовски е презадоволен од своите борци, од нивнот настап, од прикажаното. Повеќето во салата позитивно се изненадија од мајсториите на овие млади и надежни спортисти и се надеваме во понатамошниот период ќе ги гледаме на врвните светски мма турнири.