Дома БОРЕЧКИ ВЕШТИНИ ММА Што е ММА?

Што е ММА?

Мешаните боречки вештини (ММА) се борбен спорт со каде што е дозволен целосен контакт со одредени правила. Борбата може да се одвива во стоечка позиција, клинч или на под. Овој концепт е еден вид на микс од повеќе бореќки вештини.

Првата документирана употреба на терминот ММА беше историскиот турнир “UFC 1” од телевизискиот критичар Хауард Розенберг во 1993 година. Терминот се здоби со популарност кога newfullcontact.com, тогаш една од најголемите веб-страници ја објави вестта за настанот.

Во текот на раниот 20 век, низ Јапонија и во Азиските земји се одржуваа разни натпревари во ММА.

Во Бразил пак го имавме познатите “Вале Тудо” борби, во кој борци од различни стилови се бореа со малку или без правила. Семејството Грејси беше познато дека промовираше натпревари во Вале Тудо како начин да се промовира својот стил на бразилската џиу-џица.

Прва попозната борба од историјата на ММА беше помеѓу познатиот шампион во џудо  Масахико Кимура и еден од пионерите на БЏЏ,  Хелио Грејси во 1951 година.

 

 

На Запад, концептот на комбинирање елементи на повеќе боречки вештини беше популаризиран од ЏИТ КУН ДО мајсторот, легендарниот Брус Ли во доцните 1960-ти до раните 1970-ти.

Во 1993 година, семејството Греси ја донесе својата БЏЏ, развиена во Бразил од 20-тите години на минатиот век, во САД со основањето на компанијата за промоција на ММА, “Ultimate Fighting Championship” (UFC) ММА.

Компанијата одржа настан без речиси никакви правила и веднаш овој концепт се популаризираше особено поради ТВ преносите. Овие борби беа први од ваков вид на тв екраните, па некаде беа дозволени, но некаде беа и забранувани со што се создаде уште поголема популарност.

Првично промовиран како натпревар за пронаоѓање на најефикасната боречка вештина меѓу сите вештини, со реална борба, борци од различни вештини се обидуваа да докажат дека нивната боречка вештина.

Потоа под притисок на многу критики, поради бруталноста, полека,полека се воведуваа се повеќе правила за поголема безбедност на борците со што се обидуваа овој концепт на борба да најде место во секое општество.