Кикбокс се наоѓа во групата на стенд-ап борбени спортови каде што се се дозволени удари со раце и нозе.
Јапонскиот кикбокс потекнува од доцните 50-ти години на минатиот век, со натпревари што се одржуваа од тогаш.
Американскиот кикбокс потекнува од 70-тите години на минатиот век и беше доведен до израз во септември 1974 година, кога Professional Karate Association (PKA) го одржа првиот Светски шампионат. Историски гледано, кикбоксот може да се смета за хибридна боречка вештина формирана од комбинацијата на елементи од разни традиционални стилови.
Некои од најголемите промоции на кикбокс во светот се:
Спортска борба со контролирани удари со рацете и нозете.
Кога говорите за фул контакт борба сигурно помислувате на Американскиот кикбокс, познат како „карате со целосен контакт“ или понекогаш само „целосен контакт“.
Дозволени се напади само со раце и нозе, а за разлика од Муај Тај, не се дозволени удари во нозете, удари со лактите и колената, или фрлања.
Семи контакт е т.н. поинт контакт, односно поените ги добивате со нанесување на ефективни рачни или ножни удари. Овој дел е блиску до карате борбите каде што доминираат брзината на ударните техники.
Во Семи Контакт ударите се со лесна контролирана снага, лесен контакт или сл.
ЛОУ КИК борба
Т.н. низок удар, е удар со кој напаѓачот ја користи својата нога за да го удри долниот дел на телото на противникот (бутот или потколеница) со потколеницата (тибијата) или стапало.
Ниските удари се користат за да се оштетат нозете на противникот, што предизвикува губење на квалитетот, стабилноста и подвижноста.
Со изведување на овие удари постојано може да резултира во оштетување на коските, зглобовите, лигаментите и мускулното ткиво. Ишијалниот нерв, кој е најдолг и најширок нерв во човечкото тело, почнувајќи во долниот дел на грбот и протегајќи се низ задникот до долниот екстремитет, е честа цел на лоу киковите.
К1 борба
Правилата во К-1 се слични на оние на кикбокс, главната разлика помеѓу правилата К-1 и кикбокс е употребата на колената (употребата на лактите е забранета).
Која е разликата помеѓу К1 и кикбокс?
Јапонскиот кикбокс се разви во К-1 во 1993 година. К-1 комбинира техники од Муај Тајланд, Карате, Таекондо, Савате, Сан Шоу, Кикбокс и Западен бокс.