Дома СУПЛЕМЕНТАЦИЈА 6 Работи кои треба да ги знаете за протеинот

6 Работи кои треба да ги знаете за протеинот

2733

Претпоставуваме дека сте љубители на протеинските шејкови, бидејќи тие помагаат за регенерација на истрошените мускули. Резултатот е 1:0 за вас. Но освен тоа, дали мислите дека вашето знаење за протеини би можело да се стави во Вашиот шејкер?

Доколку одговорот е НЕ продолжете со читање на оваа статија.

Во секој случај , што е протеин?

Доколку спиеше на часовите по биологија и ја пропушти дефинизијата за протеин, не си сам.

Како што знаеме протеините се големи молекули кои се состојат од амино киселини и ја создаваат секоја клетка во нашето тело. Значи тие се градежен блок на мускулите и никаква телесна функција неможе да се случи без нив. Со неконзумирање на доволно протеини во текот на денот значи дека не треба да се грижите околу намалување на Вашата тежина или да ги изградите своите стомачни мускули бидејќи ја саботирате вашата способност да 1) го исполните вашиот потенцијал за време на тренинг и 2) да останете во добра здравствена состојба.

Без доволно протеини вашето тело ќе почне да собира “гориво” од коските, органите и срцето.

На тој начин нема да останете здрави.

Што друго придонесуваат протеини за мене?

Помагањето да останеш жив не е доволно? Добро, добро… Протеините исто така ги одржуваат коските, рскавицата и крвта здрави. Исто така ги одржуваат косата, кожата и ноктите ревитализирани и нахранети.

Протеините му овозможуваат на телото да се лечи поефикасно, им помага на мажите со проблемите со либидото и балансирачките хормони на жените.

Зошто е важно да се пие протеин по тренинг?

Кога си во теретана и ги вежбаш квадрицепсите во стил на Фил Хит, ги кинеш мускулните влакна со секој исцрпувачки сет. Протеинот кој го внесуваме по тренинг помага за закрепнување на отптоварените мускули. Таа е причината зашто се препорачува протеински шејк да се испие веднаш после последниот сет, или најдоцна во рок од еден час. Во суштина протеинот помага да се земе она што е оштетено и да го состави во првобитната состојба. Протеинскиот шејк, во моментот кога ќе влезе во вашето тело сурутката влегува во клетките и потоа се транспортира за да се поправи и замени мускулното ткиво.

Што точно е  WHEY (веј)?

Тоа е воден нуспроизвод од млеко, откако млекото е зацврстено и затегнато. Од неговото потекло, би очекувале да има …. и не толку добар вкус. За среќа како технологијата оди напред научниците додаваат вкусни засладувачи, вкусови итн.. Веј протеинот има многу убав вкус. Протеините на легендарниот Кевин Леврони се докажани во својот вкус и квалитет.

Колку протеин треба да конзумирам?

Количината на протеин која сакате да ја зимате зависи од Вашата цел. Дали сакате да изгубите килограми или сакате да качите чиста мускулна маса. Најдобро е да се ориентирате според тежината која сакате да ја достигнете, не според моменталната тежина.

На пример доколку сакате да имате телесна тежина од 82 килограми вие треба да конзумирате 180 – 200гр протеини дневно, тоа би било 2.1г протеини на килограм телесна тежина.

Дали можам да конзумирам премногу протеин?

Да, секако дека можете. Доколку внесувате многу калории (безразлика дали тоа било од протеини, јаглехидрати или масти), вие ќе накачите телесна тежина. Со претерување со внес на протеин може да дојде до непосакувани ефекти. Заедно со зголемување на телесната тежина, претерувањето со внесот на протеини може да доведе до гастричен стрес и може да биде тешко на бубрезите. Протеинот не е за конзумирање, туку за асимилација и искористување.

Најголем избор на суплементи може да најдете во “Д СТРОНГЕСТ ШОП”!!!

Превод на текстот: Михаил Поповиќ