Дома За Нас

За Нас

sala

Денес Центарот за боречки вештини “Д СТРОНГЕСТ & РУТС БЏЏ” лоциран на ул. Емил Зола бр.10 во Скопје е најквалитетното место во нашата држава доколку сакате да изучувате некоја боречка вештина или спорт. Имате можност како никаде во нашата држава да тренирате ММА, ЏИТ КУН ДО, БРАЗИЛСКА ЏИУ ЏИЦА, КИК БОКС, КРОС – КОНДИЦИОНИ ТРЕНИНЗИ, ГРУПА ЗА ДЕЦА, КИК ФИТ ЗА ДЕВОЈКИ.

centar

Почетоците се далеку во 1990 г. кога Зоран Петковски го регистрира вториот Кунг Фу клуб во РМ за Џит Кун До и Фул Контакт (подоцна кикбоксинг) спортот. Името на клубот било “Шао Лин” во чест на големите кинески Кунг Фу мајстори и мудреци од манастирот Шао Лин.

the-strongest-rootslogo

Од првите и најдобрите ученици може да ги издвојат Горан Арсовски, Ивица Алексовски, Арсен Георгиевски, Дејан Костов, Весна Ивановска, близнаците Александар и Апостол Атанасовски и Маја Витановска, која подоцна стана трикратна светска шампионка во Кикбоксинг, во дисциплините Фул Контакт, Лоу Кик и Лајт Контакт.

ivica & mite 001 Алексовски во 1990 година се запишува во ЏКД клубот „Шао Лин“ во Скопје кај својот тогашен тренер Зоран Петковски.

На првото Фул Контакт Првенство во Битола 1992 година, денешниот Главен Инструктор за Македонија и Балкан во “Д Стронгест Македонија”, Алексовски Ивица стана Вице Шампион на Македонија.

ivica gokanВо 1993 г. Петковски Зоран почна да го  изработува и го издава првото списание за боречки спортови и вештини Јин – Јанг. На приватните телевизии ТВ КРТ и ТВ Скопје, Петковски истотака  имал сопствени контактни емисии во кои се прикажувале и коментирале најдобри светски и домашни Кикбоксинг борби.Гостувањата во спортските редакции на Македонската ТВ и радио беа редовни за членовите од ЏКД клубовите.

ivicaПри формирањето на школата за тренери при Факултетот за физичка култура во Скопје, Зоран Петковски бил повикан и назначен за надворешен соработник на ФФК за кикбоксинг спортот.

ivica alek

“Шао Лин” во тоа време броеше околу 60 редовни членови и интересот за ова боречка вештина беше од ден на ден се поголем. Многу од членовите на клубот се бореа рамо до рамо со своите “колеги” од дргуите кик бокс и боксерски клубови. Многумина од нив имаа многу победи како во Македонија , така и на турнири оргаинизирани надвор од Македонија.
Во тоа време се полагаше за ЏКД ознаки и тоа од жолта до кафена како ученички ознаки, а потоа и црни ознаки ( напредувањето нагоре беше со додавање на Тоан како титула ).

 

 

 

mma
Си-фу Ивица Алексовски во тоа време е редовен член во клубот и за кратко време е еден од подобрите членови во клубот.

Алексовски ја превзема обврската да го води клубот од неговиот тренер Зоран Петковски. Во 2000 година заедно со Миодраг Константинов го основаат ЏКД Центарот за Боречки Вештини „Шао Лин“, но по заминувањето на Миодраг во странство, Ивица останува единствениот инструктор.
mma ivica stefan

Во 2001 година се стекнува со ЏКД црна ознака, а во 2004 година со втор тоан во ЏКД кај Си-Фу Златко Неделковски (Начинот на стекнување ознаки во ЏКД на територија на Македонија во тој период беа различни од денешниот начин на стекнување ознаки во “Д Стронгест Македонија”).

bjj abu dabiВо 2002 година Алексовски се стекнува со Black Belt Kickbox Master  под Си-фу Неделковски.

Алексовски го освојува златниот медал на Турнирот организиран од Министерството за внатрешни работи на ниво на цела држава во демонстрација на техники од самоодбрана.

ivica macedonian open grupnaВо 2003/2004 година е под водство на ЏКД, Досе Парес Ескрима и ММА инструктор Си-Фу Љубомир Јорданов.

ivicaАлексовски почна да ја промовира оваа вештина на повисоко ниво со повремени емисии на телевизиите, во печатените медиуми, формирање на свој интернет сајт итн. Поради овие причини клубот секојдневно го зголемуваше своето членство и се оформи и втора група за џит кун до.

Во ЦБВ Д Стронгест” денес тренираат 150 редовни членови раделени во повеќе групи изучувајќи повеќе боречки вештини и спортови.
Во 2010 година Ивица под водство на Светскиот шампион во супер тешка категорија во таи бокс, Џавит Бајрами одржа кик-таи бокс семинар во Скопје. Како и на сите досегашни семинари и на овој семинар имаше многу учесници од други боречки вештини и клубови.

daniИстата година во соработка со неговиот пријател од Бугарија, председател на Крав Мага Федрацијата на Р.Бугарија, Алекс Петров прават семинар за Крав Мага. На овој семинар имаше над 120 учесници од повеќе клубови и различни боречки вештини.

bjjОваа година со предходен договор прави семинар во Македонија со првиот македонец кој е носител на црн појас во БЏЏ, Проф. Роберт Наумоски. По барање  на Роберт сите три тренинзи се изведуваат со кимоно. Преку Наумоски , овој клуб се вклучува во едно големо и успешно БЏЏ семејство, РООТС БЏЏ со седиште во Сиднеј, Австралија.
Во 2011 година РООТС и Д Стронгест Македонија освојуваат многу медали ( сребрен во Софија, 3 бронзени медали во Белград) и го подигнуваат имиџот на клубот на повисоко ниво.

Во април 2011 година Алексовски со свои инструктори и ученици учествува на ЏКД – Досе Парес Ескрима семинарот , организиран од ГМ Љубомир Јорданов, а воден од ГМ РИчард Бустиљо – еден од првите ученици на Брус Ли. Двата дена по пет часа дружење и тренинг со ГМ Бустиљо беше  големо задоволство за нашите членови.

BJJ Nis 2016Истотака во 2011 година двајца представници од Д Стронгест Македонија, Христовски Бојан и Петрески Никола земаат учество на првиот ММА турнир во Македонија, каде што Никола извојува победа.

Во месец ноември во Прилеп се одржа турнир во ММА борби, кик бокс борби и грапплинг. Во двете ММА борби членовите на “Д Стронгест Македонија” и “РООТС БЏЏ Македонија” извојуваат победи, но забележаа и победа во кик бокс и 12 победи во грапплинг.

bjj zagreb east europeanВо понатамошниот период тимот на “Д Стронгест” и “РООТС БЏЏ” освојуваат многу медали и често се најдобар тим на турнирите.

Во 2012 година Алексовски ја оформува Македонската Федерација за Бразилска Џиу Џица која бори повеќе од 10 клубови (Скопје, Охрид, Куманово, Прилеп).

Во 2012 година Проф. Роберт Наумоски му доделува виолетов појас.

bjj

Во 2015 година Проф. Наумоски му доделува кафен појас во БЏЏ и Алексовски во моментот е највисок појас во Р. Македонија.

 

 

 

 

 

ivica

По 25 години практикување на боречки вештини, особено на Џит Кун До, Гранд Мајсторот Љубомир Јорданов му доделува на Алексовски сертификат за ФУЛ ИНСТРУКТОР во Џит Кун До и Филипински Боречки Вештини.

 

Денес од овој Центар за боречки вештини излегуваат врвни спортисти кои ја представуваат нашата држава во светот.