Дома ММА Уште еден успех на Д Стронгест во ММА борбите

Уште еден успех на Д Стронгест во ММА борбите

40
СПОДЕЛЕТЕ

Место: Волкетсвил, Швајцарија     17.11.2018

          На силниот меѓународен турнир во ММА, VOLKETSWIL FIGHT NIGHT, кој се одржа во Волкетсвил, Швајцарија, не претстави нашиот борец Стефан Пецевски, од клубот ,,Д Стронгест‘‘ од Кисела Вода, кој извојува победа. Стефан се бореше со многу поискусен противник, но сепак успеа да го совлада во третата рунда со зафат гушење (REAR NAKED CHOKE).

Тренерот на Ивица Алексовски е задоволен од оваа борба, и ни изјави:“Стратегијата што ја поставивме (борбата ја прифативме само пред две недели) се покажа точна и дека нашата школа има со што да се пофали. Пецевски кој на овој турнир отпатува сам (поради финансиски причини не бев во можност да патувам со Пецевски бидејќи организаторот ги покри трошоците само за борецот, не и за тренерот), со само неколку дена припрема, сепак ја доби борбата и да представи нашата држава и клубот во право светло”.

Моментално Пецевски има профи скор од 4 борби, 3 победи  и 1 нерешена борба, а аматерскиот скор му е 4 борби со 4 победи.

Дел од членовите од “Д Стронгест” пријатно го изненадија со пречекот на скопскиот аеродром.

Дел од борбата може да погледнете …