Дома ММА UFC части со историски меч: Потсетете се колку е моќен Конор МекГрегор

UFC части со историски меч: Потсетете се колку е моќен Конор МекГрегор

109
СПОДЕЛЕТЕ

За помалку од 20 саати, од кога е објавена бесплатната борба помеѓу Конор и Еди Алварез на “You Tube” е прегледана повеќе од пола милион луѓе.

Тоа е одлична најава за настанот кој сите го чекаме UFC 229, коj UFC почнуваат да го рекламираат со завршувањето на UFC 228 во Далас.

За мечот на UFC 205 не треба ништо посебно да се каже бидејќи се е јасно и познато. Беше тоа првиот историски настан во Медисон Сквер Гарден во ЊуЈорк одржан на 12 Декември 2016 година. Во главната борба на вечерта се сретнаа два UFC шампиони, Конор МекГрегор во перолесна категорија и Алварез во категорија до 70 килограми. Борбата беше за титулата на Алварез бидејќи се одржи во борба до 70 килограми.

Со тоа што УФЦ “части” со оваа борба, Ве советувам да го погледнете последниот меч на МекГрегор и да се потсетите колку е тој квалитетен.

Ирецот се враќа во акција на почетокот на Октомври на UFC 229, кога ке се обиде во свои раце да го врати појасот од лесната категорија кој му беше одземен поради неактивност!