Дома ФИТНЕС Трикови за зголемување на физичката сила

Трикови за зголемување на физичката сила

186
СПОДЕЛЕТЕ

Кофеинот е пријател на вежбањето – за време на кревањето тегови ќе ви ја зголеми силата, прагот на болка и издржливоста на мускулите.

Тренингот надвор од теретана (трчање, кардио.. итн) е подеднакво важен колку и тежината што ќе ја ставите на шипка. За поголеми тежини и за подобар перформанс потребно е добро да се подготвите, а тоа може да го направите на неколку едноставни начини.

Визуелизирајте

Секој ден треба да издвоите 15 до 20 минути за опуштање и рамислување за тоа како на следниот тренинг ќе успеете да направите сѐ што сте зацртале. Потрудете се целите да ги визуелизирате детално, вклучете ги емоциите, мирисите и звуците: што појасно ја гледате замислата, толку пореално ќе ви изгледа. Овој метод го користат многу шампиони во различни спортови, за кој и самите раскажуваат.

Поставете цел

Поставувајте си јасни цели. Само да речете „сакам поголема физичка сила“ не е доволно специфично. Но, кревање 50 кг. од прв обид звучи доволно добро и изводливо. Потрудете се вашите цели да бидат реални и не се откажувајте.

Одберете ја вистинската музика

Одберете енергична музика што ве мотивира, направете плејлиста и пуштете ја на најгласно кога кревате тегови, трчате, скокате, се борите и слично. Музиката е еден од најдобрите пријатели за одличен тренинг.

Внесете доволно кофеин

Кофеинот е одличен за тренинг, за време на кревањето тегови ќе ви ја зголеми силата, прагот на болка и издржливоста на мускулите. Идеално е да го внесете во организмот половина до еден час пред да почнете со вежбање.

Добро најадете се

За голема сила ви треба доволно енергија и протеини за мускулите, па потрудете се час-два пред тренингот да внесете доволно здрави јаглехидрати и протеини.

Суплементација

Суплементацијата е голем фактор за поголема физичка сила. Креатинот многу допринесува за подобар перформанс со продолжување на АТП енергијата. “Pre Workout” суплементите исто така се од големо значење за повеќе репетиции.