Дома ФИТНЕС Тренинг навечер? Неколку предности кои ги добивате доколку тренирате навечер!

Тренинг навечер? Неколку предности кои ги добивате доколку тренирате навечер!

86
СПОДЕЛЕТЕ

Идеалното време за тренинг е различно за секого и зависи од Вашите навики, биоритамот, обврските, слободното време и нивото на енергија во текот на денот.

Иако многу се зборува за предноста на утринското вежбање, вечерниот тренинг има свои позитивни страни.

Најважно е да вежбате и да се чувствувате добро и задоволно од постигнатите резултати. Во секој случај, сѐ е подобро од тоа воопшто да не вежбате или да пропуштите тренинг.

Ова се трите предности од вечерниот тренинг:

Подобар сон

Не станува збор само за поквалитетен сон, туку и временски подолг сон во споредба со луѓето кои вежбаат наутро или во попладневните часови. Утрото после квалитетен вечерен тренинг ќе се разбудите подобро расположени, поодморени и позадоволни.

 

Крвен притисок

Многу истражувања покажуваат дека вечерните тренинзи го намалуваат крвниот притисок за 15% во споредба со луѓето кои вежбаат наутро или воопшто не вежбаат.

 

Побрзи резултати

Нивото на тестостерон е повисоко во вечерните часови, што го поттикнува растот на мускулното ткиво, што значи дека поголеми се шансите дека за пократко време ќе забележите поквалитетни резултати.