Дома ИСХРАНА Со кои суплементи можете најлесно да ги стопите вишокот масти?

Со кои суплементи можете најлесно да ги стопите вишокот масти?

244
СПОДЕЛЕТЕ

Доаѓа лето. Во лето сите сакаме да бидеме згодни, “стегнати”, односно да изгледаме убаво на плажа. Ова е период каде многу од луѓето тестираат различни диети, начини на исхрана, временска исхрана и слично. Некогаш правилната исхрана, макотрпните тренинзи и сите тие диети нема да Ви помогнат до остварување на Вашето замислено тело, бидејќи Ви фали тоа “екстра гориво”. Тоа “екстра гориво” се всушност суплементите кои ќе ви помогнат да ги поместите Вашите граници, побрзо и поефикасно да ги стопите мастите, а да изградите мускулна маса. Ние ќе ви препорачаме неколку додатоци кои ќе Ви помогнат да го намалите процентот на масти, но сите тие го прават тоа на различни начини.

Ако сте решени да бидете фит ова лето, тие ќе ви бидат цврсти сојузници кои треба да ги имате во вашиот агол!

”FAT BURNERS” односно топачи на масти

Топачите на масти му олеснуваат на телото да согори повеќе калории и лесно се прилагодуваат на Вашата исхрана, бидејќи се борат со несаканите негативни ефекти од калорично-намалена диета. Многу од топачите на масти содржат состојки како што се кајен, кофеин или екстракт од зелен чај за да се стимулира метаболизмот. Со внесување на овие состојки, Вие ќе го зголемите бројот на стопени калории, дури и ако ефектот е многу суптилен. Меѓутоа, бидејќи губењето на телесната тежина се сведува на колку калории трошиш наспроти колку внесуваш, сè што помага да ја смените изгорената страна на равенката на повисоко Ви помага во Вашите напори да изгубите вишок килограми. Исто така, други состојки во топачите на масти, како што се ацетил Л-Карнитин и зелен чај, му помагаат на Вашето тело мастите да ги искористи како енергија. Овој процес му олеснува на вашето тело да ги стопи мастите, за кои Вие макотрпно вежбате за да ги изгубите. Што се однесува до вториот ефект на топачите на масти, нормално е да чувствувате замор додека сте на одредена диета. Со намалување на калориите за да ги промените “Внесените калории наспроти потрошените калории”, нормалено е Вашето тело да има помалку енергија за да функционира како што треба. Ова е причината зошто повеќето топачи на масти содржат состојки за енергија, за да се стимулира вашиот нервен систем и да го покачи вашето енергетско ниво.

Амино киселини со разгранет синџир (БЦАА)

Уште една одлична состојка која треба да се разгледа ако вашата цел е да се намалат мастите и да се одржи чиста мускулна маса,тоа се амино киселините со разгранет синџир (БЦАА). БЦАА додатоците се посебни амино киселини кои можат да ја стимулираат синтезата на мускулните протеини, спречувајќи да се појави мускулен катаболизам. Кога сте на намалена калорична исхрана, природно сте во катаболна состојба, што може да доведе до несакано губење на мускулите. Намалената мускулна маса може да значи побавен метаболизам, кој за возврат може да ја запре загубата на маснотии. Тоа исто така може да значи дека едноставно се чувствувате лошо за време на вашите тренинзи. Запомнете: Мускулот е ваш пријател, дури и кога губење на тежината е вашата цел! Со спречување на катаболизам и обезбедување на дополнителен извор на енергија без додавање на калории, БЦАА се одличен додаток со топачите на масти.

Протеин Изолат

Ниту еден план за исхрана не е комплетен без протеин и кога сакате да ослабете, неможете да најдете нешто подобро од протеин изолат.

Изолат е највисок квалитет, најчистиот вид на протеин. Повеќето изолати, најчесто од сурутка, не содржат јаглехидрати и масти, така што од него добивате 100% чист протеин – токму тоа што ви е потребно за да ги задржите калориите ниско а мускулите да ги задржите на високо ниво.

Изолатот е најлесен и најбрз за дигестија, па оние амино киселини од вашиот протеински шејк после тренингот ќе ги погоди вашите мускулни ткива веднаш.

Наша препорака за комплетна суплементација – “Д СТРОГНЕСТ ШОП” Скопје.