Дома БОРЕЧКИ ВЕШТИНИ Ronda Rousey ја продолжува актерската кариера

Ronda Rousey ја продолжува актерската кариера

99
СПОДЕЛЕТЕ

Не е холивудски blockbuster, но Ronda Rousey се враќа на својата актерска кариера.

Бившата UFC бантам шампионка оваа пролет би требало да се појави во драмската серија  на NBC со наслов “Blindspot”.

“Rousey ќе ја игра улогата на Devon Penberthy, возрасна затвореничка од семејство од работничка класа од White Mountains во New Hampshire која служи казна поради шверц на оружје преку граница. Таа е цврста жена во форма, знае да се бори и да ракува со оружје”, стои во официјалното соопштение.

Во време на својата врвна кариера кога беше недопирлива кралица во женскиот ММА, Rousey имаше улога во филовите Entourage и Fast & Furios 7.

Меѓутоа, после двата тешки порази многумина мислат дека нејзината спортска, но и филмска кариера е готова. Некои планирани филмски проекти веќе ги изгуби, а и WWE повеќе не е заинтересиран за неа.