Дома ММА Роган се огласи: UFC работат на нов дизајн на ракавици

Роган се огласи: UFC работат на нов дизајн на ракавици

113
СПОДЕЛЕТЕ

 

Кога збориме за техничките недостатоци во ММА борбите во кафез, еден од најпроблематичните сегменти се ракавиците кои ги носат борците за време на борбата.

Иако тие се прилагодени во исто време и за удари, и за граплинг, сегашниот дизајн на ММА ракавици остава многу простор за повредување на противникот со прстите. Со огледа на тоа што тие не се заштитени и излегуваат надовр од ракавицата, убодите со прст во око се секојдневие во ММА борбите.

Додека Белатор своите ракавици додатно ги прилагодија, па немаат толку проблеми со такви инциденти, UFC и понатаму се мачи. Не поминува ниту еден настан без да видиме сцена каде борец се држи за очи бидејќи се здобил со незгоден убод во очи, со што во некој ситуации борбата не продолжува со исто темпо.

За време на својот последен подкаст кој е емитуван овв сабота, Џо Роган открива информација за која и сам знаеше дека нетреба да ја открие. Се работи за UFC ракавиците и нивниот дизајн. Роган тврди дека UFC моментално работи на нов дизајн на ракавици кој ќе биде побезбеден за борците.

“Навистина постои голем проблем со ракавиците, а моментално се работи на решение на истиот проблем” изјави Роган во разговорот со Брендан Шауб и Еди Браво.

“Не можам сега премногу да зборам за тоа, ветив дека ќе ќутам”, додаде Роган.

Сепак откри малце повеќе…

“Постои подобар дизајн на ракавици на кој моментално се работи. Некој на него работи. Неможам повеќе да ви отркијам. Дури веќе премногу кажав”, повторно додаде Роган.

Најверојатно некоја позната компанија која произведува ракавици работи на новиот дизајн на ракавици за ММА гигантот UFC. Кога ќе го видиме новиот дизајн, и кога ќе се употреби во октагонот, сега за сега незнаеме! Но, убаво е да се слушне дека UFC се грижи за безбедноста на своите борци!