Дома БОРЕЧКИ ВЕШТИНИ Rogan детално го анализира McGregor/May мечот: Conor може да го победи Mayweather,...

Rogan детално го анализира McGregor/May мечот: Conor може да го победи Mayweather, а Malignaggi е во нокаут – ВИДЕО

139
СПОДЕЛЕТЕ

Ако ве интересира што мисли  околу бокс мечот помеѓу Floyd Mayweather и Conor McGregor славниот UFC коментатор, познат комичар и водител на популарниот podcast, Joe Rogan, тогаш не ја пропуштајте неговата вчерашна епизода “Joe Rogan Experience” каде гостин му беше бившиот UFC борец Brendan Schaub.

Двајцата речиси три часа разговараа во врска со боречките вештини, а фокусот им беше ставен на бокс мечот помеѓу Floyd Mayweather и Conor McGregor. Впрочем и целиот podcast беше посветен на двобојот кој следи на 26ти август.

Тие го коментираат мечот од сите аспекти, ја анализираа спорната снимка од “нокаутот-туркање” на Paulie Malignaggi од спарингот кој е главна тема во медиумите последната недела, ја анализираат големината на  ракавицата од 8 унци која Атлетската Комисија-Невада ја одобри за овој меч, ги анализираа тактиките кои ќе ги применат борците во овој меч, а исто така дадоа и своја прогноза.

Ако сте боречки фан, овие три часа ви ги препорачуваме да ги погледнете…