Дома Uncategorized Пред вечерашното шоу, погледнете ги најдобрите моменти од прес конференциите на Конор...

Пред вечерашното шоу, погледнете ги најдобрите моменти од прес конференциите на Конор МекГрегор (ВИДЕО)

342
СПОДЕЛЕТЕ

До UFC 229, односно борбата на Конор МекГрегор против Хабиб Нурмагомедов останаа уште точно 16 дена. Вечерва се одржува нешто што голем број на фанови едвај чекаат да го гледаат, исто како и борбата. Станува збор за прес конференција.

Ваквите настани се всушност тие, кои го направија Конор МекГрегор најголема звезда во историјата на ММА спортот. Реално гледано, секогаш имало борци кои имале атрактивни борби, ги нокаутирале своите противници и доминирале со својот стил кој е убав за гледање за боречките фанови. Но, ниту еден немал таква харизма, никој немал таков карактер да на него неможете да останете рамнодушни. Конор МекГрегор или го сакате или не го поднесувате, а тоа тој сам си го направи со неговиот карактер.

Тој карактер, во комбинација со одличен осет за зборови кажани во право време, е тоа што го донело на позицијата на која се наоѓа, и поради тоа со нетрпение се чека оваа прес конференција. Конор е најголем мајстор за манипулација и најголем шоумен кој го виделе боречките спортови уште од времето на Мухамед Али. Поради тоа сите ќе ја гледаме вечерашната прес конференција.

Под текстот се наоѓа компилација од неговите јавни прес конференции, со кои UFC сака да Ве подготви за тоа што следува вечерва во доцните часови.

Уживајте !!!