Дома БЏЏ Повторно на врвот, МАКЕДОНСКИОТ БЏЏ ТИМ СО 15 МЕДАЛИ

Повторно на врвот, МАКЕДОНСКИОТ БЏЏ ТИМ СО 15 МЕДАЛИ

260
СПОДЕЛЕТЕ
Овој викенд во Белград се одржа еден од најголемите турнири за деца од 5 – 18 години на овие простори “FUTURE CHAMPIONS 2018”, турнир кој е во рангот на БАЛКАНСКО ПРВЕНСТВО ЗА ДЕЦА ДО 18 ГОДИНИ.
Учество зема МАКЕДОНСКИОТ ТИМ кој беше составен од клубовите
“Д Стронгест” од Скопје со 22 натпреварувачи
”РУТС БЏЏ ОХРИД” од Охрид со 5 натпреварувачи и
”Д Стронгест & Рутс БЏЏ Куманово” од Куманово со 1 натпреварувач.
Нашата држава ја претставија 28 репрезентативци, кои ги прикажаа следниве резултати:
Златни медали:
– Даниела Алексовска – напредни 3 -44.3кг.
– Марко Панчевски – напредни 2 -33.2кг., –36.2кг.
– Дин Радончиќ – почетници 2 -27кг.
– Даниел Тодоровски – почетници 4 -40.3кг.
– Арон Зекир – почетници 4 -36.2кг.
– Филип Митревски – почетници 2 -30.2кг.
Сребрени медали:
– Давид Тодоровски – почетници 2 -24кг.
– Марко Трајановски – почетници 3 +48кг.
– Дамјан Петровски – напредни 2 -42.3кг., -45.3кг.
– Марко Ангелов – почетници 3 –39.3кг.
– Никола Симоновски – јуниори 2 -58.5кг.
Бронзени медали:
– Марко Петровски – јуниори 2 -58.5кг.
– Ања Чивчиристовска – почетници 4 -40.3кг.
– Христијан Чолески – напредни 3 -36.2кг., -40.3кг.
– Даријан Славкоски – напредни 3 +60.5кг.
Во екипниот пласман во категорија на “ПОЧЕТНИЦИ”, МАКЕДОНСКИОТ ТИМ го освои ПРВОТО МЕСТО, во категорија на “НАПРЕДНИ” го освои ТРЕТОТО МЕСТО, а во ВКУПЕН ЕКИПЕН ПЛАСМАН го освои ВТОРОТО МЕСТО.
Селекторот на нашата репрезентација Ивица Алексовски е задоволен од освоените 15 медали, но истакна дека очекувал од некои наши репрезентативци повеќе.
Алексовски ни изјави:“Им честитам за победите, за прикажаното, за фер плејот кон другите каде што на вистински начин ја представија нашата држава, како натпреварувачи, така и како амбасадори на спортот”.