Дома ММА Погледнете зошто се создаде толку возбуда за доаѓањето на Аскрен во UFC...

Погледнете зошто се создаде толку возбуда за доаѓањето на Аскрен во UFC (ВИДЕО)

259
СПОДЕЛЕТЕ

 

Пред вас се две компилации од тоа по што е Бен Аскрен најпознат, односно тоа поради кое многу луѓе го чекаат неговото UFC деби, каде треба да видиме колку е тој стварно добар.

Бен Аскрен е приказната оваа седмица. Неговиот повраток после пензионирањето од ланската година, воедно доаѓање во UFC, тоа е нешто на кое многу фанови се надеваа. Со години се чекаше моментот, кога Аскрен ќе дојде во најголемата светска промоција, а доаѓањето се деси кога баш сите го “отпишаа”.

Иако на почетокот тој беше само доминантен борач, поради што многу луѓе, вклучувајќи го и претседателот на UFC Дана Вајт, неговите борби ги нарекуваа најдосадни во ММА спортот, Аскрен со тек на времето стана борец кој ги завршува сите свои противници. Откако во еден период од кариерата имаше 6 победи на судиска одлука по ред, Аскрен (18-0) 6 од своите последни 7 борби победи со прекин. Повторно тоа беа победи во партер, бидејќи сепак таму се чувствува најдобро, но тој со годините својата вештина ја доведе до ниво да може да парира на сите борци во било кој аспект. Се додека, секако, не ја донесе борбата на под, а таму е веќе се готово.

Во продолжение на текстот се наоѓаат две видеа каде што ќе видите зошто се дига толку “прашина” околу доаѓањето на Аскрен во UFC!

https://www.youtube.com/watch?v=UH7ahx4m4qQ

https://www.youtube.com/watch?v=4VpX_8xHja0