Дома БЏЏ ОСВОЕНИ 21 МЕДАЛИ…НАЈГОЛЕМ УСПЕХ НА МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА БРАЗИЛСКА ЏИУ ЏИЦА ДОСЕГА...

ОСВОЕНИ 21 МЕДАЛИ…НАЈГОЛЕМ УСПЕХ НА МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА БРАЗИЛСКА ЏИУ ЏИЦА ДОСЕГА !!!

718
СПОДЕЛЕТЕ

Македонскиот тим составен од 17 репрезентативци, предводени од селекторот Ивица Алексовски на престижниот силен меѓународен турнир во бразилска џиу џица “ABU DHABI PRO ZURICH 2019” направија голем подвиг.

 

Во тимско натпреварување се пласираа на ВТОРОТО МЕСТО во вкупна конкуренција од 63 тимови од целиот свет!!!

Нашиот тим беше по освоени медали пред првопласираниот тим, но поради поголем број на натпреварувачи кои му донесоа повеќе победи на домашниот тим, нашиот тим мораше да се задоволи со второто место.

Истотака, како МАКЕДОНСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА, во конкуренција од 41 земја од целиот свет, го освоиа досега највисокото ТРЕТО МЕСТО !!!

Златни медали

  1. Даниела Алексовска “Д Стронгест & РУТС БЏЏ” – кимоно
  2. Александар Поповиќ “Д Стронгест & РУТС БЏЏ” – кимоно
  3. Александар Поповиќ “Д Стронгест & РУТС БЏЏ” – граплинг
  4. Ева Илевска “Д Стронгест & РУТС БЏЏ” – граплинг
  5. Марко Петровски “Д Стронгест & РУТС БЏЏ” – граплинг
  6. Вања Милевски “Д Стронгест & РУТС БЏЏ” – кимоно
  7. Бојан Манчевски “Д Стронгест & РУТС БЏЏ” – граплинг

Сребрени медали

  1. Михаил Поповиќ “Д Стронгест & РУТС БЏЏ” – граплинг
  2. Надежда Василевска “Д Стронгест & РУТС БЏЏ” – кимоно
  3. Бојан Манчевски“Д Стронгест & РУТС БЏЏ” – кимоно
  4. Марко Петровски “Д Стронгест & РУТС БЏЏ” – кимоно
  5. Мартин Стефановски “Д Стронгест & РУТС БЏЏ Куманово” – граплинг
  6. Дејан Чолески “РУТС БЏЏ Охрид” – кимоно
  7. Марко Панчевски “Д Стронгест & РУТС БЏЏ” – кимоно
  8. Надежда Василевска “Д Стронгест & РУТС БЏЏ” – граплинг

Бронзени медали

  1. Михаил Поповиќ “Д Стронгест & РУТС БЏЏ” – кимоно
  2. Ева Илиевска “Д Стронгест & РУТС БЏЏ” – кимоно
  3. Никола Петрушевски“Д Стронгест & РУТС БЏЏ Куманово” – граплинг
  4. Андријана Цветковска “Д Стронгест & РУТС БЏЏ Куманово” – граплинг
  5. Благоја Трајчевски“РУТС БЏЏ Охрид” – кимоно
  6. Андријана Цветковска “Д Стронгест & РУТС БЏЏ Куманово” – кимоно

ГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ до Агенцијата за Млади и Спорт кои во континуитет го поддржуваат тимот и федерацијата и со тоа ги поттикнуваат за поголеми успеси на светско ниво.

Најуспешен македонски репрезентативец беше Александар Поповиќ член на клубот

Д Стронгест ” со освоени 8 победи на овој престижен турнир и освоени две златни медали.

Селекторот Алексовски е задоволен од постигнатиот успех и се надева дека во иднина од нашата мала Македонија може да имаме светски прваци во бразилска џиу џица.

Борбата на нашата Даниела Алексовска, кој финалната борба ја заврши за 28 секунди со арм бар.

👏🇲🇰DANIELA ALEKSOVSKA… FINAL FIGHT… LESS THAN ONE MINUTE… ARM BAR… FIRST PLACE… GOLD 🥇 MEDAL 🥇 🏆 🇲🇰🙏🇲🇰 🙏 🇲🇰 🙏 🇲🇰 🙏 🇲🇰 🙏 🇲🇰#thestrongestshop #thestrongestshop2 #bjjfriendship #bjj4life #rootsbjj #bjjcompetitor #bjjopen #graciejiujitsu #gracie #selfdefense #zurich #abudhabipro #blackbelt #Champions

Публикувахте от Ivica Aleksovski Page в Събота, 16 февруари 2019 г.