Дома БОРЕЧКИ СПОРТОВИ Нова МекГрегор доза!! Погледнете го изборот од неговите 5 најдобри изјави по...

Нова МекГрегор доза!! Погледнете го изборот од неговите 5 најдобри изјави по борбите (ВИДЕО)

20
СПОДЕЛЕТЕ

Откако се присетивме како Конор изгледа на прес конференциите и откако ја видовме последната прес конференција, сега на ред е да се присетиме на тоа како изгледаат неговите изјави во октагонот по неговите победи.

 

Ирецот едноставно секогаш ги има подготвено вистинските зборови за изјава и нема сомнеж дека истите ги спрема уште пред борбата. Не треба да ве чуди тоа дека се вербално кај него е вклучено во стратегијата, дали било пред, за време или по борбата. Тој секогаш после борбата ги наоѓа вистинските зборови, со што по неколку изјави тој и понатаму останува главната тема на муабет, тој така го изгради својот ѕвезден статус.

8 дена пред тој да влезе во кафезот да ја обработи својата веројатно најтешка борба во кариерата, МекГрегор доби место на ЈуТуб каналот на УФЦ со компилација од пет одбрани, по нивни изборм, изјави кои тој ги дава по неговите борби.

Нема што друго да се каже, освен тоа дека тој е мајстор во својот занает кој не се раѓа по втор пат!