Дома БОРЕЧКИ ВЕШТИНИ Најперспективната хрватска спортистка-борец има 18 години и неа сакаат да ја киднапираат...

Најперспективната хрватска спортистка-борец има 18 години и неа сакаат да ја киднапираат големите светски ММА сали – видео

198
СПОДЕЛЕТЕ
Adriana Vukovich & Georgest St-Pierre

    

Адриана Вуковиќ една од најперспективните спортистки-борци од овие простори и со своите 18 години е сопственичка на завидна колекција на трофеи со кои не можат да се пофалат многу искусни играчи. Нејзините инпресивни резултати, поткованоста во бројни боречки дисциплини и преку 100 медали од разни натпревари, денеска се повеќе го привлекува вниманието на водечките ММА менаџери и тренери кои водат голема борба за да ја земат во нивните редови.

Талентот кој се крие во младата Џаковчанка оддамна го препозна и Firas Zahabi, главниот тренер во канадскиот Tristar Gym кој го направи најдобриот велтераш во историјата на ММА, Georges St-Pierre. Него и на екипата во Монтреал им се приклучи и Адриана уште пред неколку години, а ги посетува најчесто во текот на летните празници кога и се дава прилика фокусот од школувањето целосно да го насочи кон боречките спортови. Во текот на тие посети, таа доаѓа да учи или како самата кажува да “краде знаење” од имиња како GSP и Rory MacDonald.

Да почнеме со ред. За љубовта кон боречките спортови најзаслужни се нејзиниот татко и братот кој својот боречки пат го започна со карате, а влијание имаа и бројните часови што ги поминуваше пред малите екрани гледајки ги настапите на легендарниот Мирко Филиповиќ.

Денес позади средношколката се бројни светски првенства во ММА, БЏЏ и граплинг, а се поблиску може да е и транзитот во професионалните ММА води.

“До сега се натпреварував во осум дисциплини: К-1, low kick, тајлантски бокс, BJJ, grappling (Gi I No-Gi), MMA, бокс и имав 2-3- меча во full contact. Сега почнувам со борењето каде сеуште се немам натпреварувано иако сакам и тоа да го испробам. Кој знае, може ќе има место и за таа деветта дисциплина”, открива Адриана.

Во кои од овие спортови најдобро се снајде, а кои би ги издвоила како најголем предизвик?

“Јас сама си поставувам големи предизвици. Секој спорт ми е предизвик и тежок поради тоа што така си ги поставувам”.

Кога почнаа да пристигнуваат првите медали?

“Првите медали почнав да ги освојувам на девет години кога и почнав со натпреварување. Се сеќавам кога првиот БЏЏ меч го изгубив, затоа што се борев со неколку години постара и потешка девојка. Не ми беше тогаш лесно, но тагата ја насочив кон уште поголем глад и желба за победување така да тоа само ме поттикна да почнам со уште потешка работа”.

Како деенска изгледа таа инпресивна колекција?       

“Неодамна ги броев медалите и имам 106. Повеќе од 80 златни. Дефинитивно златото од Светското првенство во ММА во 2013 ми остана во посебно паметење. Во финалето ја нокаутирав американската претставничка. Би го издвоила и првото место од Светското првенство во БЏЏ во Long Beach, но на сите натпревари се сеќавам по крвните припреми, одрекување и паралелното школување”.

Гледам дека си чест гостин во Tristar Gym, а некогаш се спомнува и соработка со Cris Cyborg. Што се случило со последното?

“Имав 15 години кога стапив во контакт цо Firas Zahabi, канадски тренер во познатиот Tristar Gym во Монтреал каде тренира доста UFC борци. Сето тоа ми делуваше невозможно додека не се оствари. Пред тоа, пред сама реализација беше и соработка со салата на Cris Cyborg и  нејзиниот менаџер, но во финишот тоа пропадна поради несогласности помеѓу нив двајца”.

Колку често патуваш во Монтреал?

“Сега сум 4та година во општа гимназија, а можноста за патување ја добивам во текот на летните празници. Тоа трае месец ипол, некогаш помалце, некогаш повеќе. Таму одам 3-4 години по ред”

Доаѓаш ли во прилика да тренираш со најголемите ѕвезди од канадскиот тим?

“Ѕвездите како GSP и Rory присуствуваа на сите про тренинзи и можам да се пофалам дека бев единствена девојка и најмлада личност во тоа друштво. Со 15 години спарингуав со професионалци. Тие многу внимаваа на мене, но ми беше многу тешко поради тоа што не можев да си најдам некој со моите пропорции”.

Веројатно во текот на целиот тој период успеа да соберешен добри совети?

“Додека разговарав со GSP, тој ми повтори нешто што веќе го имав слушнато од мојот тако. Ме праша “што бара девојка овде”, а јас му кажав дека сум дојдена да крадам знаење. На што следеше неговиот совет – ми кажа никогаш да не се врзувам за работи кои некој може да ми ги одземе”.

Кој се грижи за твојата форма кога не си во Канада?

“Кога не сум во Канада тренирам во BK Leonardo и HK Lik”.

Слушнавме дека си добила неколку нови, озбилни понуди од угледни ММА сали?

“ Не смеам околу тоа да зборам многу, но можам да кажам дека добив неколку понуди од SAD и Канада, а меѓу нив е и Jackson-Wink салата. Сите опции се отворени и ќе видиме како тоа ќе изгледа на крајот. Сега примарна цел ми е да го завршам средното училиште и да се решам од тој терет”.

Се гледа ли твоето преминување во професионалните води?

“Што се однесува на ММА, веќе не се задоволувам со аматерството така да би сакала, штом ми се пружи прилика, да преминам во професионалци”.

Популарноста на женскиот ММА порасна во однос на деновите кога си почнала со овој спорт. Дали тоа го очекуваше и како гледаш на тие промени?

“Женскиот ММА станува многу популарен и мислам дека се работи за тоа што луѓето сакаат да гледаат како се тепаат жени (смеа). Луѓето почнуваат да приметуваат дека и жените можат да бидат еднакво мажи и дека можат да конкурираат во овој да го кажеме машки спорт”.

Денес најуспешна во твојата категорија е Joanna Jedrzejczyk. Каков е твојот став за актуелната UFC шампионка и постои ли моментално предизвикувачка која може да ја симне од тронот?

“Мислам дека секој е возможно да се победи така и она, но постои и можност таа секого да го победи. Ја сакам Joanna, ја следам и ми се допаѓа нејзиниот стил на борење”.

Дали го очекуваше падот на Ronda Rousey, најголемата ѕвезда во женскиот ММА?

“Не го очекував тој пад. Таа од борците ми падна во очи. Ми се допаѓа нејзиниот стил на борба и ми беше жал што падна. Се е на неа, ако сака да се врати тогаш тоа и ќе го направи”.

Постои ли борец во чиј настап посебно уживаш?

“Омилен борец ми е Jon Jones. Го обожавам одкако имав 13 години, а од жените ја сакам Cris Cyborg. Но пример ми е секој спортист кој не се плаши од предизвици, кој не се плаши да се соочи со своите можности и кој не се плаши да ги прифати работите кои одат по својот тек”.

Покажа дека сакаш предизвици па така веруваме и дека целта е високо поставена?

“Во смисла на спортот од секогаш сонувам за појасот во UFC. Тоа би било исполнување на моите сонови”, на крај порачува дека жените борци еден ден би можеле да се следат уште повеќе на приредбите на водечките ММА промоции.