Дома БЏЏ “MASTER BJJ OPEN” Белград 2019 – со 4 натпреварувачи освоивме 5 медали

“MASTER BJJ OPEN” Белград 2019 – со 4 натпреварувачи освоивме 5 медали

178
СПОДЕЛЕТЕ

На престижниот турнир во Белград, настапија 4 наши репрезентативци, преставници на клубот “Д-Стронгест & РУТС БЏЏ”. Во категорија на Возрасни Натпреварувачи со само 4 натпреварувачи го освоиа 4-то место.

Ева Илиевска со 5 победи успеа да освои 2 златни медали.

Ненад Мрчковски, воедно и негов прв меѓународен турнир, успеа да се закити со златен медал во катергорија на мажи -70кг бели појаси, додека во апсолутна категорија го освои 3то место.

Михаил Поповиќ го освои 3тото место во категорија -70 мажи плави појаси, додека во апсолутната категорија загуби во полу финале и во борбата за 3то место.

Вања Милевски не успеа да освои медал, загуби во полу финале, а потоа не се бореше за 3то место поради здравствени проблеми.

Селекторот Ивица Алексовски е задоволен од постигнатиот успех.