Дома КРОС & КОНДИЦИОНА ГРУПА

КРОС & КОНДИЦИОНА ГРУПА

cros salaТренингoт е прилагоден за редовните членови од нашите групи за ММА, БЏЏ, ЏКД; Кикбокс.

Тренингот е составен е од многу комлексни аеробно-анаеробни вежби.

Самата програма е создадена од комбинација на разни методи за зајакнување на телото и подобрување на кондицијата.

Секогаш кога се работи во група е полесно и поинтересно изведувањето на вежбите.

sala-5Оваа група има еден тренинг неделно, секоја среда од 18.30 – 19.30 часот и е идеалана за нашите натпреварувачи, но и за оние кои сакаат да ја зголемат кондицијата, иѕдржливоста, силата, координацијата, флексибилноста.

cros sala

Програмата е создадена по следниве видови на концепти:

  • ХИИТ – високо интенивен интервален тренинг;
  • Табата;
  • Интервален тренинг;
  • Тренинг со станици;
  • Комбинација од повеќе аеробно-анаеробни методи.
  • Исто така се изведуваат техники на удар во боксерска вреќа, фокусери со цел подобрување на формата на телото, но воедно се изучува и техниката на удар.
  • Доколку работиме на станици, во зависност од периодот на припреми, може една или две станици да бидат од делот на боречките вештини (удари на вреќа, удари на фокусери, спаринг со голема динамика итн…).

ivica zoki cros fitДодатни помагала:

  • 1. Кетлбели;
  • 2. Медицинки (меки и тврди со различна тежини);
  • 3. Ролери;
  • 4. Вратила;
  • 5. Тегчиња (повеќе тежини);
  • 6. Бугарски вреќи;
  • 7. Јажиња за скокање;
  • 8. Топки за стабилност;
  • 9. Боксерски вреќи;
  • 10. Фокусери за рачни и ножни удари;
  • 11. Олимписки шипки;
  • 12. Останати помагала.

cros-sala

Тренинзите ги водат лица кои се стручно подготвени за Ваша правилна преобразба во позитивна насока.

Тренингот е составен од:

  • Загревање;
  • Истегнување;
  • Лесни вежби;
  • 10 или 20 минути интензивен тренинг;
  • Растегнување;
  • Олабавување.