Дома БОРЕЧКИ ВЕШТИНИ Како да останете мотивирани во боречките спортови?

Како да останете мотивирани во боречките спортови?

416
СПОДЕЛЕТЕ

Мотивацијата може да се дефинира како склоп на повеќе психолошки фактори кои го движат поединецот да делува кон остварување на целта. Сепак некои поединци многу брзо се откажуваат од своите цели, додека други издржуваат и стануваат ШАМПИОНИ.

Колку пати сте ја слушнале реченицата “Ги имаше сите предиспозиции, но немаше желба” или таа спротивната “Со својата упорност постигна се што посакуваше”?, да замислиме дека станува збор за двајца борци – единствено по што се разликуваат е мотивацијата (поточно недостатокот на мотивација кај првиот). Сепак никој не сака да ја изгуби мотивацијата, но тоа се случува.

Психолозите даваат три совети кои изгледаат едноставни за да ја задржите мотивацијата:

  1. Поставете цел!

Поставете си една голема цел, а под неа низа од помали цели кои се на патот до остварување на големата цел. Дадете си задача дека секој втор ден ќе остварувате по една од малите цели. Сите цели напиеште ги на лист и залепете ги на некое видно место. Да, можеби ви звучи глупаво, но психолозите тврдат дека “само тоа што е запишано има реални шанси да биде реализирано”!

  1. Запишувајте го напредокот

Секојдневно запишувајте ги тренинзите и следете го напредокот. Така во текот на целиот процес ќе бидете мотивирани затоа што ќе имате осветлен пат кон остварување на целите. Посебно е задоволството кога после остварувањето на некоја цел со пенкало ќе напишете : ЗАВРШЕНО!

  1. Напишете ги причините поради остварување на целта!

Ова е еден начин со кој многу тренери ја одржуваат мотивацијата кај своите спортисти. Ако имате само една причина, ќе се држите за неа и ќе ја имате пред очи во моментите кога мотивацијата ќе почне да се намалува. Што повеќе причини имате, напредокот ќе биде се посигурен.

Ретки се оние спортисти и професионалци, кои во текот на своите спортски кариери немале моменти на немотивираност. Постои период во животот кога ви изгледа дека зацртаните цели се невозможна мисија. Во тие кризни моменти, важно е да најдете внатрешна сила и да продолжите со работа. Кога кризата ќе помине, ќе бидете среќни зошто не сте се октажале!