Дома ЏКД Степени

Степени

Полагање за степени – 8 Степени на напредување во ЏКД Д Стронгест Македонија

Bruce Lee - Jeet Kune Do

Во нашиот систем  “Д СТРОНГЕСТ МАКЕДОНИЈА” базиран на Џит Кун До концепт и принципи на филозофија има 8 Степени на напредување.

Секој редовен член може да полага САМО ЕДНАШ ГОДИШНО за повисок степен. За да се освојат сите 8 Степени потребно е најмалку 8 години да се биде редовен член во некој од нашите клубови.

gU4KE27

Зашто е потребно да се стекнуваат повисоки степени ?

Со самата припрема за повисок степен, секој член во тој период навлегува во самата суштина на техниките . На редовните тренинзи се увежбуваат техниките за полагање, но во овој период се запознаваат деталите кои ја сочинуваат самата техника. Бидејки бројот на оние кои полагаат е помал од редовното членство, тренерите им посветуваат повеќе од времето на овие членови за да им помогнат во патот до освојување на повисок степен. Секој степен си има своја карактеристика, од едноставни движења, рачни и ножни удари, едноставни комбинации до комплексни техники, напади и одбрани со нож и стап,одбрана од повеќе напагачи, техники на зафат за облека, одбрани од разни напади итн…Кога ќе се освои и последниот степен, ГОЛЕМА Е ВЕРОЈАТНОСТА дека секој член ќе има солидно познавање од повеќе делови од кои се составени сите боречки вештини, како што се:

–          Рачни удари;

–          Ножни удари;

–          Комбинации на рачни и ножни удари;

–          Напад и одбрана со нож;

–          Напад и одбрана со стап (ескрима или две ескрими );

–           Клинч борба;

–          Борба на под;

–          Разни техники на фрлања, буткања на под;

–          Падови;

–          Одбрана од повеќе напагачи;

–          Употреба на ефикасни техники потребни за реална одбрана на улица;

923171_10202748213740584_419233265_n

 

Овој пат од најмалку 8 години е потребен за :

а)       да се видат и изучат повеќе техники;

б)      да се исфрлат непотребните техники  ( на непотребни техники се мисли на оние техники кои не ни “лежат” , односно не може да ги изведеме лесно во спаринг ) и

в)       да се вметнат свои начини на изведување (во зависност од нашата телесна конституција, еластичност, експлозивност, сила итн..секој си има свои стил на изведување на некоја техника ).

gU4KE27

 

strongest_logo

Нашите членови кои имаат повисоки степени исто така ке бидат кандидати во иднина да се стекнат  со право  да полагаат за ЏКД Инструктор и со тоа ке имаат можност заедно со Алексовски да отворат клуб. На почетокот сите наши членови се со исти почетни позиции, но се зависи како ќе се посветат во иднина, така и нивните придобивки ќе се зголемат. Сите наши ЏКД Инструктори се на повисоко ниво затоа што имаат привилегија да учат и да пренесуваат на другите. Тој пат на доусовршување е вистинскиот пат на самооткривање.  Со стекнувањето на правото да  води клуб, ЏКД Инструкторот ќе се стекене со одредени привилегии, но и со обврски кои се во насока на уште поголемо зголемување на своите капацитети и способности.