Дома ЏКД

ЏКД

Џит Кун До представува концепт сличен на ММА, но тоа не е спорт. Тоа е концепт првенствено наменет за самоодбрана од реален напад на улица, одбивање на напад без оглед колкав е напаѓачот или колку е силен.

Во нашиот Џит Кун До клуб “Д СТРОНГЕСТ” ја представуваме директната линија на пренесување на ЏКД директно од креаторот на Џит Кун До, Брус Ли – ГМ Ричард Бустиљо – ГМ Љубомир Јорданов – Сениор Инструктор Ивица Алексовски.

  ivica

Алексовски е главниот инструктор во клубот кој ја спроведува програмата по која секоја година членовите полагаат и се стекнуваат со поголеми знаења и повисоки степени.

Термини:

  • понеделник 19.45 – 21.00
  • вторник 19.30 – 20.45
  • четврток 19.30 – 20.45

КОИ СЕ РАБОТИТЕ КОИ ЏИТ КУН ДО-ТО ГО ПРАВАТ УНИКАТЕН СИСТЕМ ЗА УЛИЧНА БОРБА…

Што е ЏКД???

Во ЏКД се изучуваат:

–          Рачни удари;

–          Ножни удари;

–          Комбинации на рачни и ножни удари;

–          Напад и одбрана со нож;

–          Напад и одбрана со стап (ескрима или две ескрими );

–           Клинч борба;

–          Борба на под;

–          Разни техники на фрлања, буткања на под;

–          Падови;

–          Одбрана од повеќе напагачи;

–          Употреба на ефикасни техники потребни за реална одбрана на улица;

Најмалку 8 години се потребни за :

а)       да се видат и изучат повеќе техники;

б)      да се исфрлат непотребните техники  ( на непотребни техники се мисли на оние техники кои не ни “лежат” , односно не може да ги изведеме лесно во спаринг ) и

в)       да се вметнат свои начини на изведување (во зависност од нашата телесна конституција, еластичност, експлозивност, сила итн..секој си има свои стил на изведување на некоја техника ).

1. Во реална борба нема ограничувања, борбата не е временски ограничена;

keep-calm-and-learn-jeet-kune-do ivica

2. Во реална борба нема судија и се е можно,  се напаѓа со се, со сите можни удари и комбинации;

DSC05224   jeet-kune-do-bruce-lee-myspace-layout-4702

3. Борбата на улица може да почне на еден дел од улицата, а да заврши во некоја зграда, двор или на друга улица;

bruce-lee-11 ivica

4. Спортските борби  се базирани на некакви правила.

Во реална улична борба НЕМА ПРАВИЛА.

Значи не е забрането да се изведе удар со глава, удар во грбот, удар во гениталии, убод во очи, гризање се со цел одбивање на напад од себе или друг. Самото увежбување на техниките за спортска борба се така насочени да го научат борецот што смее и што не смее во борба да примени, а притоа да не биде дисфаликуван. Тоа создава калап кај самиот борец и многу очигледно е дека тој ќе биде и на улица при конфузна ситуација истиот како што е во ринг. При тренирањето на ЏКД покрај техниките важно е да се уважбуваат разни сценарија. Самиот тренинг во такви услови ќе допринесе нашиот ум да се “соживее” со таква специфична околина.

DSC09306  20020906153108_90

5. При одбивање на напад во ЏКД може да се употребат и прирачни средства ( стол, ташна, весник, даска итн. ) и во голема мерка можат да ни го спасат животот ( доколку не напаѓа некој со нож или не напаѓаат повеќе напаѓачи ).

jeet-kune-do-logo3-1 ivica spec

6. Покрај сите техники кои се тренираат во голи раце, во ЏКД на дел од тренинзите се застапени и техники на напад,одбрана и комбинации со ескрими (палка или две палки) и нож. На овој начин самиот борец ќе се научи да го научи растојанието при борба со оружје, брзината на напад, реалните техники и слично.

1796422_10202739483482333_2029195816_n ivica

7. За да се справиш со напаѓач не мора да поседуваш голема сила, кондиција, издржливост применувајќи ги техниките од ЏКД. За ММА борба мора да си квалитетно подготвен, како технички,така и физички. Но, и на ЏКД тренинзите се посветува големо внимание на застапеноста на вежбите за физичка подготовка.

bruce-lee-jkd gU4KE27

На крајот би заклучиле дека и ММА и ЏКД или било кој борец кој тренира друга боречка вештина со поголема веројатност ќе се справи при реален напад. Но самото разграничување меѓу боречка вештина и спорт е нешто што ги тера овие две нешта во различни правци. Самото прилагодување на некоја древна вештина кон спортско натпреварување е осакатување на таа вештина. Но, тоа е логично да го очекуваме ако сакаме да има натпревар и пак тие борци да можат да се борат за брзо време.

923171_10202748213740584_419233265_n

Си-Фу Ричард Бустиљо - еден од првите ученици на Брус Ли
Си-Фу Ричард Бустиљо – еден од првите ученици на Брус Ли

Ако денешниот директор на најпознатото светско ММА шоу, Дена Вајт вели дека Брус Ли е таткото на денешните ММА борби, можеме слободно да кажеме дека ЏКД концепт создаден од Брус Ли е таткото на ММА.

Денешниот концепт на ЏКД е значително променет од минатото бидејќи ЏКД е процес, а не класично заснован систем. Во тој процес ЏКД се прилагодува према промените во општеството. Поголем дел од програмата денес е сличен на ММА тренингот, но како и што пишавме погоре во текстот ЏКД си има свои предности кога говориме за реална борба и релани,конфузни сценарија.

ivica

Д СТРОНГЕСТ Принципи:

 

  1. Секогаш држи ги рацете горе;
  2. Секогаш држи ја брадата доле;
  3. Секогаш движи ја главата;
  4. Движи се кружно лево и десно (не само напред и назад);
  5. Секогаш напаѓај со PIA и HIA;
  6. Никогаш не примај удари без да дадеш – Никогаш не останувај без одговор (секогаш кога ќе бидеш нападнат, реагирај со контра);
  7. Секогаш прв напаѓај;
  8. Секогаш последен заврши;
  9. Растојанието е најважниот фактор за безбедна одбрана и успешен напад;
  10. Ако те нападне со нога, контрирај со рака;
  11. Ако те нападне со рака, контрирај со нога;
  12. Кога раскинуваш клинч, секогаш прави го тоа со удари;
  13. Секогаш менувај ги нападите, менувај го нивото и страната при нападот;
  14. Секогаш кога е можно употреби стоп удар;
  15. Секогаш држи го противникот зафатен;
  16. Секогаш напаѓај по следниот редослед:

А)пред

Б) за време на нападот и

В) на крај по нападот (3 основни правила на напад);

  1. Доколку има размена на удари во горно ниво, нападни во долното ниво (шут, фат за една или две нозе и буткање на под);
  2. На трапинг растјание обавезно напаѓај со затворање на рацете (трапинг);