Дома Инструктор

Инструктор

strongest_logo

Основач на “Д Стронгест & РУТС БЏЏ” е Алексовски Ивица.

Ивица Алексовски е роден во 1975 година во Скопје, Р.Македонија.

 

Основач на “Д Стронгест & РУТС БЏЏ” е Алексовски Ивица.

Ивица Алексовски е роден во 1975 година во Скопје, Р.Македонија.

 

Во периодот 1989-1993 година е ученик во Средното Полициско Училиште каде што за прв пат се запознава со боречките вештини.

ivica rogerВо 1990 година се запишува во ЏКД клубот „Шао Лин“ во Скопје кај својот тогашен тренер Зоран Петковски, а под водство на Си-Фу Златко Неделковски.

ivica rob

 

 

Во тој период тренира три пати неделно во клубот, а другите денови заедно со група свои колеги од СПУ тренира во спортската сала која се наоѓа во склоп на училиштето. Своите почетоци во светот на боречките вештини ги има во Средното Полициско Училиште каде што четири години изучува повеќе боречки вештини како што се Џиу-Џицата, Џудо, Карате и Бокс.

 

ivica spec

Изучува техники на фрлање, чистење и партер борба од Џудото, техники на ослободување од зафат, приведување, самоодбрана од невооружен и вооружен напаѓач од Џиу-Џица, рачни техники од Боксот и техники на ножни удари од Каратето.

ivica josh

 

 

 

 

ivica mirkoВо понатамошниот период работи во Министерството за внатрешни работи во Скопје како сообраќаец – мотоциклист (обезбедување на високи државни функционери и странски делегации ).

Тој е  основач на  Џит Кун До Центарот за Боречки Вештини „Д Стронгест“ во Скопје.  Бидејќи и самото ЏКД е составено од повеќе вештини, Ивица сакајќи да навлезе подлабоко во секоја вештина, покрај тоа што го изучува ЏКД-то во својот клуб, со свои пријатели кои трнирале други боречки вештини (Аикидо, Винг Чун, Бокс итн) поодделно ги изучува и овие вештини.

ivica mendes

Во 1992 година во Битола на Првото Фул Контакт првенство во Македонија го освојува Второто место – Вицешампион на Р. Македонија.

На 12.12.1992 година полага и се стекнува со Плава ознака во ЏКД под водство на Си-фу Златко Неделковски.

На 16.01.1993 година се одржува Прв клубски турнир на кој учествуваат повеќе од 50 членови во разни категории и го освојува Првото место за сениори.

ful kontakt vice bitola 25.10.1992 001

На традиционалниот турнир во фул контакт борби на 27.03.1993 година учествува во демострација на техники на одбрана од повеќе напаѓачи, одбрана при напад со палка заедно со своите колеги од средното полициско училиште и редовни членови во клубот.

 

На Клубскиот турнир го освојува третото место во каегоријата за сениори. Турнирот се одржа на 27.01.1994 година.

treto mesto klub 27.01.1994 001

Министерството за Внатрешни работи на 16.12.1994 година организираше натпревар на ниво на целото министерство во демонстрација на техники во самоодбрана. Ивица го освои златниот медал ( прво место ) заедно со својот парнер Колевски Сашко кој го освои сребрениот медал.

samoodbrana 16.12.1994 001Во периодот од 1994 до 1996 година е одговорен инструктор и задолжен за спроведување на програма за обука на техники од самоодбрана во Полициската Станица за БПС во Скопје.

 

 

vtor toan 02.07.2004 001Во 2001 година се стекнува со ЏКД црна ознака Прв Тоан, а во 2004 година со Втор Тоан во ЏКД кај Си-Фу Златко Неделковски (Начинот на стекнување ознаки во ЏКД на територија на Македонија во тој период беа различни од светскиот начин на стекнување ознаки).

 

Истотака во меѓу време се стекнува и со Црн Појас во Кик бокс под водство на Си-фу Неделковски.

kick box master 17.02.2002 001

 

 

 

 

Во 2000 година заедно со Миодраг Константинов го основаат ЏКД Центарот за Боречки Вештини „Шао Лин“, но по заминувањето на Миодраг во странство, Ивица останува единствениот инструктор.

 

Во 2004 година е под водство на ЏКД, Досе Парес Ескрима и ММА инструктор Си-Фу Љубомир Јорданов.

Во 2006 година го отвора вториот клуб “Д Стронгест – Аеродром” каде што за главни инструктори ги поставува Бојан Христовски ( еден од најстарите негови ученици ) и Ралев Златко. Клубот сега брои 60 редовни членови.

Моментално Алексовски е носител на виолетов појас во бразилска џиу џица под водство на Проф. Роберт Наумоски.

Бидејки ЏКД го развива на високо ниво отвара и втора ЏКД група во истата сала. Во ЏКД ЦБВ “Д Стронгест” денес тренираат повеќе од 100 членови.

10844_1228261600803_1656979261_594353_6188388_n(1)

Во 2010 година Ивица под водство на Светскиот шампион во супер тешка категорија во таи бокс, Џавит Бајрами одржа кик-таи бокс семинар во Скопје. Како и на сите досегашни семинари и на овој семинар имаше многу учесници од други боречки вештини и клубови.

 

 

 

krav maga seminar 03.01.2010 001

Во 2010 година во соработка со неговиот пријател од Бугарија, Председател на Крав Мага Федрацијата на Р.Бугарија, Алекс Петров прават семинар за Крав Мага. На овој семинар имаше над 120 учесници од повеќе клубови и различни боречки вештини. Алексовски добива жолт појас во Крав Мага од Петров.

diploma fakultet 29.01.2010

Алексовски во месец јануари 2010 година го заврши Високото образование на Факултетот за физичка култура во Скопје и се стекна стручен назив Дипломиран тренер по бокс.

 

 

 

 

richard bustilo 04.2011 001 

Истата година заедно со свите ученици од присуствува на ЏКД – Досе Парес ескрима семинар во Бугарија ,организиран од Гранд Мастер Љубомир Јорданов, а воден од еден од првите ученици на Брус Ли,Гранд Мастер Ричард Бустиљо. Тоа беше семинар кој траеше два дена ( 10 часа ) на кој ГМ Бустиљо прикажа повеќе техники од работа со ескрима и нож, техники кои Брус Ли ги тренирал, објасни како Брус тренирал, зошто бил толку добар во се.

36330_4447105629892_93682088_n

Во 2010 година прави семинар во Македонија со првиот македонец кој е носител на црн појас во БЏЏ, Проф. Роберт Наумоски. По барање  на Роберт сите три тренинзи се изведуваат со кимоно.

Септември 2012 година го отвора “Д Стронгест Тафталиџе” каде што за главни тренери ги поставува Никола Стефановски и Иван Аргировски ( денес Никола Стефановски, покрај Првиот степен Инструкторски Степен со уште неколку членови е носител на 5 Степен во ЏКД под водство на Алексовски).

Во 2012 година се стекнува со виолетов појас во бразилска џиу џица под водство на Проф. Наумоски. Со тоа станува највисокиот БЏЏ авторитет кој живее во Македонија.

526894_10201614120508962_817268150_n(2)

Во 2013 година основачот на клубовите за боречки вештини “Д Стронгест & РООТС БЏЏ Македонија”, Алексовски Ивица се стекна со титула Џит Кун До – Филипински Боречки Вештини ФУЛ ИНСТРУКТОР лично од Гранд Мајсторот во Џит Кун До  и Филипински Боречки Вештини, Љубомир Јорданов. Тој е третата генерација представници: Брус Ли – ГМ Ричард Бустило – ГМ Љубомир Јорданов – Ивица Алексовски. Со овој сертификат тој е овластен да ја пренесува оваа филозофија и концепт на борба – Џит Ку До и Филипински Боречки Вештини.

Истата година организира ММА семинар во својата сала со светски позната легенда за ММА и Граплинг, Карлос Њутон.

После повеќе од 25 години поминати во изучување на повеќе боречки вештини и системи (кик бокс, кали, џудо, бразилска џиу џица. грпалинг, бокс, самоодбрана…) и по изминати 10 години под водство на ГМ Јорданов, Алексовски заслужено се стекна со оваа титула. За запознавање на нашите читатели во ЏКД има 4 инструкторски степени, за стекнатиот на Алексовски е предпоследниот. Последниот степен се доделува после наполнети 40 години за долгогодишна работа во светот на боречките вештини  и промоција на вештините. До сега Алексовски одржал многу семинари во разни клубови и институции ( Специјалната единица на полиција “ТИГАР”, “Единица за Брзо Распоредување”, воената академија, полициската академија, основни и средни училишта, клубови за боречки вештини итн…

makful demonstr. 27.03.1993 001

 

1901965_605556459526293_1292219276_n

Во 2013 година имаше голема привилегија да учествува на Џит Кун До семинар во Рим, Италија и да го лично да го запознае најпознатиот ученик на легендарниот Брус Ли, Гуру Ден Иносанто (највисок степен во повеќе боречки вештини и системи).

На семинарот присуствуваа сите ЏКД инструктори до Европа, но имаше и инструктори кои се под раководство на Гуру Иносанто и од САД, Австралија, Канада…

20140407_122704

Во 2013 година Алексовски од страна на “Munich Hall of Fame” беше избран за “Интернационален Инструктор на годината”  и на престижната церемонија која се одржа во Минхен, Германија му беше доделена Статуетката за своето достигнување.

IMG_8301  

На оваа манифестација учествуваа светски познати мајстори од светот на боречките вештини, филмската индустрија, светски познати личности од повеќе области.

10157331_10202974759084076_1879280430_n  10157399_10202974758084051_526620002_n

Алексовски истотака одржа семинар за ЏКД каде што наиде на голем интерес и одушевување кај учесниците и публиката.

Во 2014 година Алексовски беше на семинар кај светски познатиот ММА борец, а денес познат тренер на повеке светски легенди во ММА, Ерик Полсон.

 

 

Во 2015 година година Алексовски од страна на “Munich Hall of Fame” беше избран за Представник за Македонија и одговорен за пронаоѓање на познати македонски спортисти од делот на боречките вештини. Тој заедно со Зоран Петковски добија награди и тоа Петковски  доби награда за “30 години посветеност во боречките вештини”, а Алексовски за “Интернационален Инструктор на годината”.И оваа година  престижната церемонија се одржа во Минхен, Германија на која присуствуваа голем број на мајстори од повеќе боречки вештини и спортови од целиот свет, познати актери, каскадери итн.

Во 2015 година на БЏЏ & ММА Кампот кој се одржа во Охрид на 08.08.2015 година, Алексовски од Проф. Наумоски доби кафен појас во БЏЏ и со ова тој е највисокиот појас во БЏЏ кој што живее и работи во Македонија.

aaa 3.1

Sertificate JKD Senior za sajtВо 2016 година на официјалниот Џит Кун До & Кали & Ескридо семинар одржан во Скопје под водство на Гранд Мајсторот Љубомир Јорданов, Алексовски после повеќе од 30 години во боречките вештини се стекна со највисокото звање за инструктор “SENIOR INSTRUCTOR”!

 

 

 

Денес Алексовски е главен тренер во Центарот за Боречки Вештини “Д Стронгест & РУТС БЏЏ” кој се наоѓа на ул.Емил Зола бр.10а во нас. Кисела Вода и ги води следниве групи:

“Д Стронгест Џит Кун До”;

“Д Стронгест & РУТС БЏЏ” – Напредна и Почетничка Група;

“Д Стронгест ММА Тим”;

“Д Стронгест & РУТС БЏЏ” Група за деца.

– “Д Стронгест Крос-кондициона група”.

Под негово раководство денес постојат неколку клубови, а во овие клубови тренери се негови долгогодишни ученици:

– “Д Стронгест Аеродром”;

– “Д Стронгест & РООТС БЏЏ Охрид”;

– “Д Стронгест & РООТС БЏЏ Куманово”;

– “Д Стронгест & РООТС БЏЏ Прилеп”;

Тој е иницијатор за оформување на Македонската Федерација за БЏЏ и денес е Председател на Федерацијата.

ЏКД Инструктори кои се под негово раководство се:

– Јакимовски Александар – инструктор во главниот клуб;

– Заткоски Александар – инструктор во главниот клуб;

– Христовски Бојан – инструктор во “Д Стронгест Аеродром”;

– Ралев Златко – инструктор во “Д Стронгест Центар”;

 

БЏЏ Инструктори под негово раководство се:

– Мухамед Џевахир – носител на кафен појас во БЏЏ – инструктор во главниот клуб;

– Јакимовски Александар – носител на виолетов појас во БЏЏ – инструктор во главниот клуб;

– Заткоски Александар – носител на виолетов појас во БЏЏ – инструктор во главниот клуб;

– Пецевски Стефан – носител на виолетов појас во БЏЏ – инструктор во главниот клуб.

– Чолески Дејан – носител на плав појас во БЏЏ – инструктор во “Д Стронгест & РУТС Охрид”;

– Трајчевски Благоја – носител на плав појас во БЏЏ – инструктор во “Д Стронгест & РУТС Охрид”;

– Стефановски Мартин – носител на плав појас во БЏЏ – инструктор во “Д Стронгест & РУТС Куманово”;

– Атанасоска Катерина – носител на плав појас во БЏЏ – инструктор во “Д Стронгест & РУТС Прилеп”;