Дома Uncategorized ГОЛЕМ СЕМИНАР СО СВЕТСКИОТ ШАМПИОН ВО БРАЗИЛСКА ЏИУ ЏИЦУА РИКАРДО ‘Jegue’ ЕВАНГЕЛИСТА...

ГОЛЕМ СЕМИНАР СО СВЕТСКИОТ ШАМПИОН ВО БРАЗИЛСКА ЏИУ ЏИЦУА РИКАРДО ‘Jegue’ ЕВАНГЕЛИСТА ВО МАКЕДОНИЈА

40
СПОДЕЛЕТЕ

 

Дата: 18 мај 2019

Локација: Центар за боречки вештини Д Стронгест

Почеток: 11 – 14 часот

Рикардо Евангелиста е врвен БЏЏ црн појас под Професор Хулио Цезар од тимот “Grappling Fight Team”(GFT) и е еден од најдобрите супертешкаши во БЏЏ во моментов на светско ниво.

Борбата со “CYBORG”…https://www.youtube.com/watch?v=Ueo1Q2DX5T8

Тој се борел со многу светски познати легенди, се борел и се бори на скоро на сите светски елитни турнири.

Линија: Mицујо Маеда > Луис Франса > Освалдо Фадда > Монир Саломао > Хулио Цезар Переира > Рикардо Евангелиста

UAEJJF WORLD RANK 2018-2019

MALE ADULT BLACK     1040 POINTS   –    RANKED #3 IN THE WORLD

Главни достигнувања:

– IBJJF European Open Шампион (2018)

– UAEJJF Abu Dhabi Pro Шампион (2016)

– UAEJJF Grand Slam – London Шампион (2016)

– UAEJJF Grand Slam – Rio de Janeiro Шампион (2016)

– UAEJJF Grand Slam – Los Angeles Шампион (2016)

– IBJJF Rio International Open Шампион (2010/2011*)

– CBJJ Brazilian National Шампион (2011)

– CBJJE Pan American Шампион (2009)

– IBJJF World Championship Вице Шампион (2015)

– UAEJJF World Pro Championship Вице Шампион (2013)

– IBJJF Pan American Championship Вице Шампион (2018/2012)

– UAEJJF World Pro Championship 3то место (2012*)

– IBJJF World Championship 3то место (2014)

Евангелиста за прв пат доаѓа во Македонија по покана од Претседателот на Македонската Федерација за БЏЏ, Мр. Ивица Алексовски. Тој ќе одржи семинар со членовите од македонските клубови за БЏЏ ко исе дел од федерацијата, но овој семинар ќе биде отворен за сите оние кои сакаат да зе запознаат со овој шампион, да научат нешто ново, да видат “каде е тајната на успехот” и зашто моментално Евангелиста е еден од најдобрите во светот.

Членовите од нашите клубови кои се регистрирани под Федерацијата ќе имаат можност да учествуваат само за 500 денари, а сите останати за 1200 денари.

МЕСТАТА СЕ ОГРАНИЧЕНИ !!!

Рикардо Евангелиста е роден на 6 април 1986 година во Рио де Жанеиро, Бразил. Тој почнал да тренира БЏЏ кога имал 13 години поради влијанието на неговиот брат, кој го убедил Рикардо да присуствува на неговите тренинзи. Не му требало долго време на Евангелиста да најде интерес за овој спорт и од многу рани тинејџерски години тој почнал да го посветува целото внимание на БЏЏ.

Неговите први инструктори биле Александар Барауна и Бруно Цуна, кои го наградија Рикардо со син и виолетов појас. Евангелиста потоа продолжува да тренира во Академијата UGF (Универсидада Гама Филхо) во северната област на Рио де Жанеиро (која подоцна го променила името во GFTeam).

Таму Џиу Џицуто на Рикардо Евангелиста прави чекор напред, поради високиот левел на тренинзи секој ден заедно со останатите натпреварувачи. ГФ тимот предводен од двајцата тренери Хулио Цезар и Маркус Бело му го доделуваат црниот појас на Рикардо на возраст од 22 години.