Дома БОРЕЧКИ СПОРТОВИ Фан сте на ММА? Мора да се информирате за  новите правила кои...

Фан сте на ММА? Мора да се информирате за  новите правила кои се применуваат од 1 јануари 2017!

1573
СПОДЕЛЕТЕ

mma

15 јануари (16ти по наше време) во Phoneix ќе се одржи првиот овогодишен UFC настан  ” UFC Fight Night 103″ . Легендарниот бивши двоен шампион во UFC BJ Penn се враќа во акција против ултра талентираниот и необично атрактивниот Yaira Roвитdriguez. Но, не се само сјајните борби на овој попис на борби кои фановите на боречките вештини посебно ќе обрнат внимание. Приредбата во Аризона ќе биде првата на која службено ќе се применат “Унифицираните ММА правила” кои влегоа на сила со првиот ден од 2017 година. Потсетуваме, измените се донедени уште во летниот период и тоа од страна на америчкото Здружение за Бокс и атлетска комисија (ABC) со 42 гласа ЗА и државата Њу Џерси која ги одби предложените измени поради новите правила кои се однесуваат на “борецот на под”.

Пред да дојдеме до суштината на работите, односно да објасниме што точно се менува, битно е да нагласиме дека овие промени неизбежно ќе донесат одредени несовпаѓања во самата примена. Имено, ABC е тело кое не може да присили поедина Комисија на одредена сојузна држава да ги усвои правилата поради тоа што се работи за автономни тела кои се сега здружени во оваа асоцијација. Така некои држави веќе изгласаа промени, некои се спремаат за тоа, а некои тоа не го ни сакаат: како веќе споменатата Њу Џерси. Бразилската ММА Атлетска Комисија, која активно соработува со американските регулаторни тела, потврди дека ќе ги користи новите правила, таа исто така како придружно тело учествуваше на конференцијата каде се донесени новите мерки. Како ќе реагираат другите регулаторни спортски тела на другите држави надвор од САД треба да се истражи и да се види. Но, водени од досегашната пракса, UFC и Ballator ( кога се одржува настан во други земји), не би требало да има посебни проблеми, затоа што се до сега регулаторните спортски тела на поедини држави во главно без изговори се прилагодувале на она што големите промоции од нив го бараа, како и носење на големите боречки организации на својот пазар.

mma

 10-8 РУНДИ

Доколку судиите, а тука мислиме и на оние во борилиштето и на оние на бодови, ги поддржуваат новите правила, промените би можеле да бидат драстични. Имено, меѓу другото, овие правила наложуваат и ги поттикнуваат бодовните судии да се многу “лесни на исклучување” кога се во прашање “10-8” рунди. Според новите упатства, доколку еден борец е подолг временски период во една рунда и доминантен во однос на својот противник, успеал да нанесе значајна штета и ги остварил своите тактички и технички планови, судиите би требало да му доделат рунда со бодовна разлика од два поени (10-8). Тоа е значајна промена во однос со досегашната ситуација земајќи го во предвид тоа да 10-8 рунди во ММА спортот би биле ендемски. Така би се давала вредност во борби во кои еден борец доследно сите 5 минути ги издржал во “full mount” позиција врз својот противник или слична доминантна позиција. Ако добро размислите за промените кои новите правила би можеле да ги донесат, тие се драстични и како Американците велат имаат “game changing” карактер. Само една досудена 10-8 рунда, одредениот борец во двобојот го става во многу незавидна ситуација и бодовниот остаток кој е многу тешко да се достигне. Посебно, ако зборуваме за двобојот на 3 рудни. Но,  гледачите и ММА фановите  често ќе гледаат “очајни борци во лов на глави” на својот противник  свесни дека многу тешко би го стигнале бодовниот остаток, а присилени од брзото поминување на времето во мечот. Така бројот на нокаути и завршување на борбата на било кој начин може посредно да се зголеми поради примените на новите правила што е секако добро за атракција на спортот и негова популарност.

Воглавно, досегашното бодување без дилема беше многу не фер. Со 10-9 судиите покрај борилиштето скоро секогаш ги бодуваа рундите во кои некои борци во неколку наврати завршувале во нокаут, а со ист резултат редовно некој друг борец би ја добил рундата во која практично не бил испален удар, но судиите ја потврдуваат неговата контрола на борилиштето и агресијата.

КОНТРОЛА НА БОРИЛИШТЕТО И АГРЕСИЈАТА СЕ ВО ВТОР ПЛАН

Оваа последна реченица е сјаен вовед во втората многу значајна промена во правилата која стапи на сила на 1 јануари. Имено, контролата во борилиштето и агресијата, елементи кои до сега се користеа многу рамноправно во бодувањето на одреден ММА меч, од сега би требало да бидат во втор план.  Тие ќе се применуваат дури ако противниците во текот на рундата биле потполно рамноправни во сегментите на ефективните удари и ефективен граплинг. Дури ако судиите по овие два критериуми не можат да го одредат победникот на рундата, смеат да се свртат кон наредните критериуми, а тоа се агресивноста и контролата на борилиштето. Пластично објаснување, од сега се брои исклучиво направената штета, а кој кого брка во борилиште и кој е поагресивен во инцирање на акциите е помалку важно. Понатаму, не е доволно дури ни да го стисне борецот во жица во клинч позиција или да го собори на партер и за тоа да биде бодуван. Судиите од сега треба да ги бодуваат исклучиво позициите кои се капитализирани. Одличен пример е двобојот на Neil Magny и Johny Hendricks на UFC  207 каде конечниот резултат донесе доста контроверзни реакции. На него е веќе применет новиот тренд во бодувањето  кој ја поддржа штетата која му ја нанесе Magny на Hendricks,  отколку рушењето и клинчот без премногу офанзивни ударни техники или настојување двобојот да се заврши со некој зафат на бившиот UFC првак. Така да во иднина би требало повеќе да гледаме ситуации во кои борци “со грбот легнат на под”  ја добиваат рундата само затоа што се поактивни (удираат во долна позиција или пробуваат некој зафат) од противник кој ги срушил на партер, но сега се одлучил на “lay and pray” тактика.

Не е погрешно и ако се каже дека и овие правила би требало да допринесат за атрактивноста на ММА двобоите, затоа што борачите ќе мораат да ги унапредат своите квалитети.  Ќе мораат повеќе да се ориентираат на удирање, а тоа секако ќе отвори можност за нивните противници полесно да побегнат од непријатната позиција. Лесно е да се заклучи дека новите правила во ММА мечевите треба да добијат на динамика, темпо и атрактивност.

mma

БОРЕЦ НА ПОДОТ

Од останатите промени ќе го издвоиме она поврзано со борците кои се наоѓаат на подот, односно дозволата да се удира со колено или нога во таа позиција. За дефиницијата “борец на под” до сега се користеше правилото “три точки” кое сега е драстично заострено. Доколку не сака да биде удиран со колено или со нога во пределот на главата, борецот од сега на подот мора да ги има двете нозе (или колена) и двете раце со дланките према земјата на која се придржува. Тогаш споменатит техники не се дозволени бидејќи се смета дека е “тој на подот”. Промената на правилата настанаа бидејќи многу борци го злоупотребуваа полибералното правило. Порано беше доволно да ги имаш двете нозе на подот и со еден прст на раката да го допираш партерот како би бил амнестиран од удари со нога или колено во глава.

jon_jones_mma

НАСОЧУВАЊЕ НА ПРСТИТЕ  КОН БОРЕЦОТ

Мала но многу важна промена во правилата е поврзана со често негативната појава во текот на двобојот во слободната борба – убоди со прстите во очи поради отворениот дизајн на ММА ракавиците. Од сега судиите во борилиштето се обврзани да ги предупредат борците кои вршат  движење со раката со отворена дланка и прстите насочени кон својот противник дека тоа е прекршок. Доколку истата постапка се повтори, судијата е приморан да одземе бод од борецот кој не се придржува кон новите правила и така го загрозува здравјето на својот противник.

Единствено ново правило кое се однесува исклучиво на женската популација е облеката која девојките ја носат во текот на борбата. До сега беше дозволен опуштен дизајн на  “униформи” со широк крој, од сега девојките се приморани да носат припиени ”body” горни делови .

СЕГА ПРОТИВНИКОТ МОЖЕТЕ ДА ГО ФАЌАТЕ ЗА КЛУЧНАТА КОСКА

Две правила, односно прекршоци кои од 1 јануари веќе не се во употреба се ударите со пета во бубрезите и фаќање на противникот за клучна коска. Овие два потега се од сега дозволени и легални. Да го спомнеме и терминот штета (damage) кој до сега е користен во ‘Унифицираните ММА правила’’ како критериуми за бодување. Тој термин поради претераната бруталност и несакани конотации е променет во “impact” што на наш јазик може да се преведе како влијание. И додека предходно на судиите им е наложено да ја гласаат штетата која едниот борец му ја нанел на другиот, од сега ќе се кажува “влијание кое ударите го имаат на едниот борец врз другиот”

Во целост, новите правила сигурно ќе донесат доста неконзистентности во својата примена , барем во почетокот додека сите атлетски комисии не се прилагодат и почнат на прав начин да ги применуваат донесените регулативи. Во теоријата сите правила се позитивни и би требало да имаат позитивен ефект на целокупниот спорт, но праксата е често чудна и непредвидлива. Допрва треба да се гледа колку брзо младиот спорт како слободните борби ќе се прилагоди на новите правила кои не се драстични, но можат да бидат многу значајни.